- Информации за проектот и обуката
Здружението за подршка и развој Хуманост во рамки на проектот „Одржливо зајакнување на локалните здравствени системи во Западен Балкан: Подобрување на здравјето на постарите луѓе погодени од пандемијата COVID-19 и пренесување на знаењето за мобилна нега и поддршка од Австрија на Западен Балкан“ финансиран од Австриското Министерството за труд и социјална политика, отвара јавен повик до сите заинтересирани лица кои сакаат да се стекнат со вештини, компетенции за „Негувател/ка за стари лица“ Оваа обука ќе биде комбинација од верифицраната програма за образование на возрасни од Хуманост и Австриската програма за негувател/ка за стари лица.
Обуката се реализира од страна на стручни лица, со долгогодишно научно и практично искуство во секоја од предвидените модули, преку која учесниците можат да се стекнат со практични и теоретски знаења, вештини и компетенции за „Негувател/ка за стари лица“. По завршување на едукативниот и практичниот дел, се врши проверка на стекнатите знаење, со што учесниците се стекнуваат со сертификат признает на државно ниво за стекнати компетенции како „Негувател/ка за стари лица “.
II. Програма за обуката:
Програмата се состои од 5 модули (преку теоретски, практичен дел ) и тоа 90 часа теорија, 180 часа пракса и 30 часа оценување или вкупно 300 часа.
Програмата „Негувател/ка за стари лица е базирана на посебна програма за образование на возрасните, верифицирана од страна на Министерството за образование и наука и Центарот за образование на возрасните и усвоена програма од страна на Австриското министерство.
III. Квалификации на учесниците
Кандидатките треба да ги исполнуваат следните општи услови:
- Завршено најмалку основно образование
- Да се на возраст над 18 години
IV. Времетраење на обуката
Обуката ќе се реалзира во периодот од септември-ноември 2022 година.
V. Надоместок за обуката
Обуката и материјалите за обуката и сертификатите за избраните кандидати ќе бидат покриени од страна на организаторот.
VI. Број на учесници на обуката
Предвидениот број на учесници/чки кои ќе ја следат бесплатната обука изнесува 15 учесници.
VII. Начин на пријавување
Сите заинтересирани кандидатки/ки можат да се пријават contact@humanost.org.mk.
Повикот е отворен најдоцна до 20.09.2022 година.
Важно: Ќе бидат контактирани само кандидатите од потесен избор за сите потребни информации (динамика на обуката, започнување на обуката, место и начин на одржување на обуката).
VIII. Дополнителни информации
Дополнителни информации за повикот можете да добиете на телефонскиот број 072 229 418 или електронски на е-маил адресата sashejovanov@humanost.org.mk.