ЗА НАС
Постоењето на Здружението ХУМАНОСТ е иницирано од група граѓани, обединети околу истите уверувања и хуманитарни погледи. Веруваме дека лицата изложени на ризик од сиромаштија и општествено исклучување треба да добијат еднакви можности и ресурси за целосно учество во економскиот, општествениот и културниот живот.
Се залагаме за нивно право на стандардни услови за живеење и социјална сигурност — оние што се сметаат за нормални во општеството. Им овозможуваме поголемо учество во одлуките што влијаат врз нивниот живот и пристап до фундаменталните права.
Визија
Поголема социјална интеграција на лицата во социјален ризик
Мисија
Унапредување на условите за подобар и поквалитетен живот на лицата во социјален ризик
Цел
Oбезбедуваме нега во домашни услови и обучуваме негуватели за грижа за стари лица
28
години постоење
30
негуватели за стари лица
17
лични асистенти за лица со попреченост
13
асистенти за живеење со поддршка
Работиме за оние на кои им е потребно
Од основањето, Хуманост стои покрај лицата изложени на социјален ризик — со нега во домашни услови, обука на негуватели и застапување за нивните права.
Нашиот тим

Социјално претпријатие ХуманаС
ХуманаС е социјално претпријатие за нега на стари лица во домашни услови, основано во рамките на Хуманост. Негуватели се долгорочно невработени лица и лица во социјален ризик — така, покрај грижата за старите лица, се создаваат и нови работни места. Единствен сервис од ваков вид во Македонија.












