Јавен оглас за пријавуавње за обука „Негувател/ка за стари лица “

  1. Информации за проектот и обуката

Здружението за подршка и развој Хуманост во рамки на проектот „Одржливо зајакнување на локалните здравствени системи во Западен Балкан: Подобрување на здравјето на постарите луѓе погодени од пандемијата COVID-19 и пренесување на знаењето за мобилна нега и поддршка од Австрија на Западен Балкан“ финансиран од Австриското Министерството за труд и социјална политика, отвара јавен повик до сите заинтересирани лица кои сакаат да се стекнат со вештини, компетенции за  „Негувател/ка  за стари лица“  Оваа обука ќе биде комбинација од верифицраната програма за образование на возрасни од Хуманост и Австриската програма за негувател/ка за стари лица.

Обуката се реализира од страна на стручни лица, со долгогодишно научно и практично искуство во секоја од предвидените модули, преку која учесниците можат да се стекнат со практични и теоретски знаења, вештини и компетенции за „Негувател/ка за стари лица“. По завршување на едукативниот  и практичниот дел, се врши проверка на стекнатите знаење, со што учесниците се стекнуваат со сертификат признает на државно ниво за стекнати компетенции како  „Негувател/ка за стари лица “.

II. Програма за обуката:

Програмата се состои од 5 модули  (преку теоретски, практичен дел ) и тоа 90 часа теорија, 180 часа пракса и 30 часа оценување или вкупно 300 часа.

Програмата „Негувател/ка за стари лица е базирана на посебна програма за образование на возрасните, верифицирана од страна на Министерството за образование и наука и Центарот за образование на возрасните и усвоена програма од страна на Австриското министерство.

III. Квалификации на учесниците

Кандидатките треба да ги исполнуваат следните општи услови:

  • Завршено најмалку основно образование
  • Да се на возраст над 18 години

IV. Времетраење на обуката

Обуката ќе се реалзира во периодот  од  септември-ноември 2022 година.

V. Надоместок за обуката

Обуката и материјалите за обуката и сертификатите за избраните кандидати ќе бидат покриени од страна на организаторот.

VI. Број на учесници на обуката

Предвидениот број на учесници/чки кои ќе ја следат бесплатната обука изнесува 15 учесници.

VII. Начин на пријавување

Сите заинтересирани кандидатки/ки можат да се пријават  contact@humanost.org.mk.

Повикот е отворен најдоцна  до 20.09.2022 година.

Важно: Ќе бидат контактирани само кандидатите од потесен избор за сите потребни информации (динамика на обуката, започнување на обуката, место и начин на одржување на обуката).

VIII. Дополнителни информации

Дополнителни информации за повикот можете да добиете на телефонскиот број 072 229 418 или електронски на е-маил адресата sashejovanov@humanost.org.mk.

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *