Инфо точка Хуманост

Во рамките на Проектот : „Градење на капацитети на организации за помош на лица со посебни потреби во Македонија “, отворени се четири инфо точки две во Вардарски и две во Скопски регион. Од Октомври 2016 година во Хуманост започна да работи инфо точката.

За инфо точката:

Инфо точката е место кое во времетраење од шест месеци ќе нуди бесплатен пристап до информации поврзани со политики и можности за образование и вработување на лицата со посебни потреби . Четирите инфо точки се сместени во склоп на канцелариски простор на веќе постоечки организации . Две од вклупно 4  инфо точки е на ниво на Град Скопје.

Првата инфоточка се наоѓа во просториите на:

Здружение Хуманост

Ул. ,,Призренска” бр.50/2, 1000, Скопје

Контакт информации : infotockihumanost@gmail.com 

За проектот:

Проектот „Градење на капацитети на организации за помош на лицата со посебни потреби во Македонија“ е имплементиран од Фондацијата за одржлив економски развој ПРЕДА Плус Прилеп, заедно со партнерската организација Здружение на студенти и младинци со хендикеп (ЗСМХ), финансиски поддржан со грант од Европската Унија.

Во времетраење од 18 месеци (ноември 2015 – мај 2017 година), целта на проектот е да се промовираат и да се зајакнат партнерства помеѓу различни организации, јавни институции и приватниот сектор со цел градење на капацитети за подобрување на социјалните услуги, мрежите, местата за работа и учење за да се остварат човековите права и да се постигне учество на лицата со посебни потреби во општеството, а преку дијалог и акција меѓу приватниот, јавниот и граѓанскиот сектор.

Одговорно лице:

Емилија Робановска -Службено лице во Инфо точка Скопје–Хуманост

 

 

preda

 

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *