Јавен повик за ангажирање на правни или физички лица за изработка на веб страна (платформа) за „Асистент за нега на лица со деменција-Алцхајеморава болест и интелектуални попречености“, за проектот „Инклузивен пазар на труд за одржлив развој на заедницата“

Превземи Јавен повик

1. Краток опис на проектот

Здружението на граѓани “Еко Логик“ и здружението “Хуманост“ почнувајќи од 19-ти декември 2017 година започнаа со спроведување на проектот “Инклузивен пазар на труд за одржлив развој на заедницата“, кој е финансиран од Европската Унија, преку Сектор за централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД) при Министерството за финансии на Република Македонија.

Предложената акција се фокусира на унапредување на две различни професии преку создавање на две нови програми за стручно образование и обука, една програма за обучувачи за помош на стари лица во домашни услови и друга за аналитичари за одржлив развој. Темите кои се насочени во акцијата се наменети за истата целна група, млади невработени лица, мажи и жени, вклучувајќи и млади луѓе од маргинализирани групи.

2. Цели на проектот

  • Генерална цел:

Подобрување на државни насоки и политики поврзани со невработеност на млади, социјални услуги и претпримеништво, и давање на насоки за нивно доближување кон тековни сродни ЕУ насоки и политики, преку остварување на клучен дијалог со политички актери, граѓански организации, бизнис заедница и други.

Специфични цели:

Цел 1: Вклучувањена граѓански организации во процесот на креирање на насоки и политики, како и подобрување и предложување на реформи во приоритетни сектори на теми вон-институционална грижа и социјални услуги за стари лица, како и одржливост и животна средина.

Цел 2: Усогласување на вештините на младите луѓе со потребите на пазарот на трудот, во согласност со најдобрите практики достапни во ЕУ.

Цел 3: Започнување на клучен дијалог со политички актери, бизнис заедница и граѓански организации со цел детерминирање на нивната улога во овозможување на одржливост и инклузија, преку иновативен и партиципативен пристап.

Цел 4: Обезбедување на поатрактивно образование и тренинг програми преку креирање и користење на ИКТ базирани методологии кои ќе водат кон подобрување на процесите на препознавање и валидација на компетенции и вештини.

Во рамките на проектот предвидена е изработка на веб страна (платформа)  која ќе има за цел да ги промовира учесниците кои се стекнале со сертификат од обуката „Асистенти за нега на лица со деменција-Алцхајемрова болест  и интелектуални попречености“ (генерални информации за учесниците вклучувајќи ја нивната кратка биографија, нивното искуство, стекнатите знаења, вештини и компетенции) и воедно истите на поедноставен начин да бидат ангажирани од страна на корисниците на кои им се потребни услуги од овој кадар.

3. Работни задачи на правното /физичкото  лице

Ангажираното правно или физичко лице ќе треба да ги извршува следните работни задачи:

  • Соработка со проектниот тим;
  • Да понуди решение за изглед на веб страната (платформата);
  • Изработка на веб страната (платформата) која ќе ги содржи следните елементи:
  1. Хеадер (на горниот дел на страната) која треба да содржи лого и мени (дома, за нас, контакти, сертифицирани аналитичари итн. );
  2. Слајдер (дел во кој ќе има слики) кои ќе треба да се вртат автоматски или мануелно, или само една слика со текст ;
  3. Кратка содржина во која ќе се наведат потребните информации за програмата, слики од предавања, искуствата на учесниците (сликите исто може да се вртат автоматски и да секоја има дополмнителен текст, објаснување);
  4. Дел каде што ќе бидат наведени сите сертифицирани аналитичари за одржлив развој (генерални информации за учесниците вклучувајќи ја нивната кратка биографија, нивното искуство, стекнатите знаења, вештини и компетенции);
  5. Футер (долен дел од страната) во кој треба биде наведена локацијата, линкови од социјални мрежи, контакт и сл.;

– Користење на технологии за изработа на веб страната (Asp.net Core, Angular typescript

Bootstrap).

4. Квалификации на правното / физичко лице

  • Искуство од најмалку 2 години во областа
  • Добро познавање на технологиите за работа (Asp.net Core, Angular typescript Bootstrap)

Останатите потребни информации како и потребната документација (финасиска понуда) ќе ги најдете во самиот повик на линкот погоре.

Краен рок за доставување на документацијата е најдоцна до 26.12.2018 година до 17.00 часот.  


Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *