Сектор за едукација

Секторот за едукација е една од клучните области на делување на здружението, насочена кон унапредување на знаењата, вештините и компетенциите на лицата во социјален ризик, како и на лицата кои професионално се ангажираат во областа на социјалната и здравствената грижа.

Обуките се реализираат од страна на професионален и искусен тим на обучувачи, со примена на современи методи и пристапи во едукацијата. Посебен акцент се става на практичната примена на стекнатите знаења и на развивањето на компетенции кои им овозможуваат на учесниците полесно да се вклучат во професионалниот и општествениот живот.

Elderly individuals engage in a digital learning workshop, embracing modern technology in a library setting.

За кого е наменета?

Обуките се наменети за лицата во социјален ризик кои сакаат да стекнат нови вештини, како и за сите што сакаат професионално да се насочат кон нега и грижа за стари лица и лица со попреченост.

Обуки за лицата во социјален ризик

  • обуки за превенција на лицата во социјален ризик
  • обуки за поттикнување активно граѓанско учество
  • обуки за животни вештини, вработување и застапување

Информации за корисниците

За повеќе информации: edukacija@humanost.org.mk