СЕКТОРИ
Хуманост работи преку шест меѓусебно поврзани сектори, секој насочен кон различна потреба на лицата во социјален ризик.

Сектор за социјална заштита
Помош и нега во домашни услови за старите лица и лицата со намален функционален капацитет.

Сектор за медицинска нега и помош
Бесплатни медицински совети, прегледи и едукативни предавања за лицата во социјален ризик.

Сектор за едукација
Верифицирани обуки за сертифицирање на негуватели и асистенти за нега на стари лица и лица со попреченост.

Сектор за психо-социјална поддршка
Психолошка поддршка, советување и посети во домот за корисниците и нивните семејства.

Сектор за млади
Вклучување на младите преку младински размени, работилници, волонтерство и претприемачки идеи.

Сектор за креирање политики
Застапување за правата и социјалното вклучување на лицата во социјален ризик на локално и национално ниво.
