Јавен повик за прибирање на понуди за набавка на маици и ранци со дигитален принт за потребите на социјалното претпријатие ХуманаС

Превземи: Јавен повик-маици и ранци

Здружението Хуманост почнувајќи од  мај 2019 година започна со спроведување на планот за поддршка на социјалното претпријатие ХуманаС, финансиран преку програмата за регрантирање на проектот Отвораме можности наменет за економското јакнење на Ромките преку создавање социјално претпријатие и интегрирање на партнери од локалните власти и невладиниот сектор, имплементиран од ХЕРА а финансиран од Европската унија.

Краток опис на социјалното претријатие ХуманаС

Социјално претпријатие  ХуманаС претставува сервис за нега во домашни услови (палијативна нега)  на стари лица и лица со попреченост без оглед на нивниот здравствен и социјален статус.

Мисија на социјалното претпријатие:

Подобрување на општествените процеси и состојби преку обезбедување на професионална грижа и нега на стари лица во домашни услови  и овозможување социјална инклузија и работни места за лицата во социјален ризик и долгорочно невработените лица.

Социјални цели:

  • помош и подобрување на квалитетот на живот на старите лица, лицата со попреченост и лицата со демција-Алцхајмерова болест и интелектуални попречености
  • подолго опстојување во нивните сопсвени домови
  • вработување и еднакви можности за жените Ромки
  • нивна социјална инклузија и социјална мобилност
  • реинвестирање на средствата во други социјални програми

Економски цели:

  • одржливост, стабилност и раст на претпријатието
  • профитабилност и рентабилност
  • квалитет на услугите
  • градење на долгорочни односи со клиентите
  • истражување и развој во социјалната сфера
  • висока продуктивност

Со цел имплементација на  активностите зацртани во планот за поддршка на социјалното претпријатие ХуманаС, здружението  Хуманост објавува јавен повик  за прибирање на понуди за набавка на маици и ранци со дигитален принт.

1.Техничка спецификација за маици со дигитален принт

Количина: 10 (десет), различни големини

Тип: бели маици

Начин на печатење: предна и задна страна (колор)

2.Техничка спецификација за ранци со дигитален принт

Количина: 10 (десет)

Тип: Anti-theft

Начин на печатење: предна (лого-колор)

3. Документи за пријавување 

За пријавување на правното лице треба да се доставаат следните документи:

  • Финансиска понуда со цена за изработка на продуктот/услугата изразена без ДДВ (проектот е ослободен од плаќање на ДДВ), пропратена со наративен опис.
  1. Начин на пријавување

Потребната документација треба да се достави во електронска верзија на е-маил адресата contact@humanost.org.mk и/или во печатена верзија (лично или по пошта) на ул. Бранислав Нушиќ 13-1/17, Скопје, најдоцна до 25.11.2019 година.

 

 

 

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *