Сектор за млади
Секторот за млади има за цел да ги вклучи младите лица во активностите на Здружението Хуманост. Развојот на секторот започна во 2014 година, од позитивните искуства во соработката со младите членови и поддржувачи на здружението.
Хуманост им нуди на младите целосно вклучување во активностите на здружението — можност за заедничко креирање работни програми, проекти, обуки, младински размени и тренинг курсеви, како и поддршка за претприемачки идеи. Главната цел е градење на капацитетите на младите и нивно активно учество во работата на здружението.

За кого е наменета?
Секторот е наменет за младите лица што сакаат активно да се вклучат во работата на здружението, да развијат нови вештини и да учествуваат во проекти, размени и иницијативи за општествена промена.
Главни активности
Информации за корисниците
За повеќе информации: contact@humanost.org.mk
