Јавен повик за ангажирање на Експерти за изработка на посебнa програмa за образование на возрасни “Асистент за нега на лица со деменција- Алцхајмерова деменција и интелектуални попречености” и прирачник “Асистент за нега на лица со деменција- Алцхајмерова деменција и интелектуални попречености”

Превземи: Јавен повик

Здружението на граѓани “Еко Логик“ и здружението “Хуманост“ во период од 18 месеци, почнувајќи од 19-ти декември започнаа со спроведување на проектот “Инклузивен пазар на труд за одржлив развој на заедницата“, кој е финансиран од Европската Унија, преку Сектор за централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД) при Министерството за финансии на Република Македонија.

  1. Краток опис на проектот

Предложената акција се фокусира на две различни професии преку создавање на две нови програми за стручно образование и обука, и ќе се надополни една постоечка програма за стручно образование и обука со комбинирање на две компоненти, помош      на стари лица во домашни услови и одржливост во домовите. Темите кои се насочени во акцијата се наменети за истата целна група, млади невработени лица, мажи и жени, вклучувајќи и млади луѓе од маргинализирани групи.

  1. Цели на проектот
  • Генерална цел:
  • Подобрување на државни насоки и политики поврзани со невработеност на млади, социјални услуги и претпримеништво, и давање на насоки за нивно доближување кон тековни сродни ЕУ насоки и политики, преку остварување на клучен дијалог со политички актери, граѓански организации, бизнис заедница и други.

Специфични цели:

Цел 1: Вклучувањена граѓански организации во процесот на креирање на насоки и политики, како и подобрување и предложување на реформи во приоритетни сектори на теми вон-институционална грижа и социјални услуги за стари лица, како и одржливост и животна средина.

Цел 2: Усогласување на вештините на младите луѓе со потребите на пазарот на трудот, во согласност со најдобрите практики достапни во ЕУ.

Цел 3: Започнување на клучен дијалог со политички актери, бизнис заедница и граѓански организации со цел детерминирање на нивната улога во овозможување на одржливост и инклузија, преку иновативен и партиципативен пристап.

Цел 4: Обезбедување на поатрактивно образование и тренинг програми преку креирање и користење на ИКТ базирани методологии кои ќе водат кон подобрување на процесите на препознавање и валидација на компетенции и вештини.

 

Во рамките на проектот предвидена е изработка на програма и прирачник за „Асистент за нега на лица со деменција- Алцхајмерова деменција и интелектуални попречености“.

Имајќи го во предвид горенаведеното, Хуманост ќе развие одржлива посебна програми за образование на возрасни, програма која ќе ги задоволи целите на проектот. Ќе бидат ангажирани внимателно избрани домашни експерти со соодветно искуство за развој на посебната образовната програма и прирачник за истата како и нејзино квалитетно спроведување.

Експертите треба да ја развијат посебната програмата за образование на возрасни врз основа на новиот стандард на занимање и  истата треба да ги офати следните области во неколку модули:

– Видови на деменција-Алцејмерова деменција

– Видови на интелектуална попреченост

– Планирање и организирање работа

– Подготовка за работа

– Оперативни активности

– Активности на обезбедување на квалитет

– Одржување и поправање на опрема

– Комуникација

– Здравје, безбедност и заштита при работа и заштита на животната средина

Врз основа на изработената посебна образовна програма за возарсни ќе се обучат вкупно 20 учесници.

Со цел имплементација на оваа фаза од проектот, Здружението за поддршка и развој Хуманост објавува јавен повик за ангажирање на експерти за подготовка на посебни програми за образование на возрасни “Асистент за нега на лица со деменција- Алцхајмерова деменција и интелектуални попречености” и прирачник за истата.

  1. Работни задачи на експертот/те

Ангажираните експерти кои ќе учествувава во подготовка на горенаведената образовна програма  и прирачникот и истите  ќе треба да ги извршуваат следните работни задачи:

  • Учество во редовните координативни состаноци со проектниот персонал и другите експерти
  • Развој и креирање на посебни програми за образование на возрасни “Асистент за нега на лица со деменција- Алцхајмерова деменција и интелектуални попречености” според правилникот за верификација на посебни програми за образование на возрасни;
  • Подготовка на план за испорака на посебната образовна проеграма според правилникот за верификација на посебни програми за образование на возрасни ;
  • Способности за планирање и организација
  • Способност за работа во различни средини
  • Соработка со графички дизајнер во процесот на изработка на прирачникот.

Останатите потребни информации како и потребната документација (кратка биографија, мотивационо писмо и финасиска понуда) ќе ги најдете во самиот повик на линкот погоре.

Краем рок за доставување на документацијата е најдоцна до 10.04.2018 година до 17.00 часот

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *