Социјален клуч за старт ап

Кратко резиме на проектот

Денес, во период на економска рецесија, социјалната економија во меѓународни рамки е една од главните прашања и е во фокус во европската јавна политика. Причината за ова е бидејќи социјалната економија се бори против социјалната исклученост и невработеноста. Луѓето кои немаат потребни квалификации и работно искуство, добиваат можност да се вратат на работа односно на пазарот на труд или да најдат послесно работа. Освен тоа, деинституционализацијата во многу европски земји како и во Македонија, е се поактуелна и овозможува простор за делување, отварање на социјални претријатија/ сервиси за да се одговри на овие прашања, но и полесно да младите и сите работоспособни граѓани станат социјални претриемачи. Во овие околности, социјалната економија се покажа како најдобра опција како дополнителен извор на вработување, бидејќи генерира работни места и го развива претприемништвото преку задоволување на социјалните потреби и овозможува социјално исклучените да бидат вклучени во тековните процеси.
Општа цел на проектот

Вклучување на младите и долгорочно невработените мажи и жени  за решавање на социјалните проблеми преку социјалното претприемништво

Цел на проектот

Помош и поддршка на маргинализираните групи на граѓани и развивање на формие на социјални услуги преку социјалното претприемништво на локално ниво.

Родови цели на проектот

Промовирање на принципот на еднавост и недискриминација кај мажите и жените како и припадниците на маргинализираните групи на граѓани.

Целна група и корисници

Целна група: 10-12 лица над 18 годишна возраст (мажи и жени )

Директни корисници:

a) Лица во социјален ризик (лица со попреченост, стари лица, лица со интелектуална попреченост) и нивните сенејства

б) Локалната самоуправа

Целно подрачје: Град Скопје

Поддржано од

Град Скопје

 

 

 

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *