Повик за учество на обука за „Асистенти за нега на лица со деменција- Алцхајмерова болест и интелектуални попречености“

Здруженијата на граѓани Еко Логик и Хуманост го спроведуваат проектот “Инклузивен пазар на труд за одржлив развој на заедницата“. Како дел од горенаведениот проект здружението Хуманост организира обука за „Асистенти за нега на лица со деменција-Алцхајмерова болест и интелектуални попречености“ базирана на верифицирана посебна програма за образование на возрасните „Асистенти за нега на лица со деменција-Алцхајмерова болест и интелектуални попречености“ од страна на Министерството за образование и наука и Центарот за образование на возрасните.

I.Цел на обуката:
Програмата за подготовка на асистенти за нега на лица со деменција – алцхајмерова болест и интелектуални попречености има за цел да ги оспособи учесниците во програмата за давање на помош и поддршка на корисниците на услугите, со цел истите да постигнат свои лични достигнувања, односно самореализација, согласно нивните потреби и можности. Учесникот во обуката ќе се подготви за психолошка и социјална поддршка на корисниците на услугите, за поддршка во секојдневните активности и да дава помош и нега во домашни услови и институции. Учесниците преку оваа обука ќе се стекнат со практични и теоретски знаења и компетенции за ефикасна грижа и нега на лица со деменција-Алцхајмерова болест и интелектуални попречености.

По завршување на теоретскиот и практичниот дел, се врши проверка на стекнатите знаења, со што учесниците по овој дел ќе се стекнат со сертификат признаен на државно ниво за стекнати компетенции за „Асистент за нега на лица со деменција- Алцхајмерова болест и интелектуални попречености“.

II.Програма за обуката
Програмата се состои од 12 тематски области (преку теоретски, практичен дел ):
1. Нормативна рамка на права и услуги од социјална заштита на лицата со деменција и интелектуална попреченост;
2. Стандарди за работа во дом и институција;
3. Организација и план за работа со корисникот;
4. Деменција – деменција кај Алцхајмерова болест и други видови деменции;
5. Работа со лица со деменција – Алцхајмерова деменција;
6. Подготовка на работно место и организација на работата;
7. Нега и исхрана на лица со деменции и интелектуална попреченост;
8. Здравствена заштита на лица со деменции и интелектуална попреченост;
9. Комуникација;
10. Поим , модели и видови на попреченост;
11. Поддршка на деца и лица со интелектуална попреченост;
12. Карактеристики и начин на комуникација со лица со интелектуална попреченост;

Обуката ќе биде спроведена од страна на стручни лица, со долгогодишно научно и практично искуство во секоја од предвидените тематски области.

III. Профил на учесниците
Учесниците треба да ги исполнуваат следните општи услови:
• Завршено најмалку основно образование;
• Да се на возраст од 18 до 30 години;
• Лицата да се невработени и активни баратели на работа;
• Изградени комуникациски способности;
• Државјани на Република Македонија;
• Желба за работа со лица со деменција-Алцхајмерова болест и интелектуални попречености;

IV. Времетраење и локација за одржување на обуката
Обуката ќе се реалзира во периодот од декемри 2018 до март 2019 година, два до три пати неделно со времетраење од 4 до 6 часа.
Локација: Територија на град Скопје.
Обуката ќе започне со реализација од првата недела на месец декември 2018 година.

V. Надоместок за обуката
Трошоците за обуката (обучувачи, освежување и материјали) за истата ќе бидат целосно покриени од страна на организаторот.

VI. Документи за пријавување
– Кратка биографија на кадидатот
– Пријава за учество на обуката (пополнување на оваа форма)
– Документ кој ќе го потврди степенот на завршено образование
– Доколку се имате стекнато со некој сертфикат за посетување на обука можете истите да ни ги препратите со пријавата.

Дополнителната документација (сертификати, кратка биографија, документ за степен на образование) да се достави по електронски пат на следната е-пошта: sashejovanov@humanost.org.mk , најдоцна до 27.11.2018 година до 17.00 часот со наслов апликација за обука-Асистенти за нега на лица со деменција-Алцјамерова болест и и нтелектуални попречености.

 Важно: Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани на 30ти ноември 2018 година, и ќе им бидат дадени  потребните информации (динамика на обуката, започнување на обуката, место на одржување на обукатата). Избраните кандидати ќе потпишат договор за следење на програмата за образование на возрасните со кој ќе бидат регулирани правата и обврските на организаторот на обуката и учесниците во истата.

 


Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *