Повик за изразување на интерес- експерт за изработка на студија

Превземи:ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС

Референца: 650/0302-9

 

Hilfswerk International го спроведува проектот „Одржливо зајакнување на локалните здравствени системи во Западен Балкан: Подобрување на здравјето на постарите лица погодени од пандемијата COVID-19 и трансфер на знаење во мобилната нега и поддршка од Австрија во регионот на Западен Балкан“ финансиран од страна на Сојузното Министерство за социјални работи, Република Австрија, со партнер за имплементација „ХУМАНОСТ“ од  Северна Македонија.

Целокупниот проект се стреми да ги зајакне локалните здравствени системи во Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина со тоа што ќе придонесе за намалување на здравствените и социјалните последици од пандемијата COVID-19 за постарите луѓе и зајакнување на капацитетот за помош и нега во домот и поддршка во овие земји.

Во рамки на проектот, Hilfswerk International ќе спроведе постапка за набавка бр.650/0302-9 за избор на експерт за изработка на Студија во Северна Македонија која ќе содржи анализи на постоечки структури и закони за мобилни работници за нега на стари лица во домот и препознавање на негувателите како професија на пазарот на трудот.

Целта на договорот за услуги е создавање на Студијата за иницирање дијалог во сите три земји со цел да се препознаат мобилните домашни негувателите како професија и да се подобрат политиките за старателите и грижата за старите лица и лицата кои имаат потреба, преку тркалезни маси и средби со претставници од релевантни институции, на државно ниво (и НВО сектор) и регионална презентација на прашања и препораки за национално и локално ниво (повеќе детали во Условите за работа ќе бидат доставени до поканетите понудувачи во последователна постапка).

Ги покануваме потенцијалните понудувачи да достават писмо за интерес и CV, до 7 февруари 2022 година, на е-пошта: sashejovanov@humanost.org.mk со наслов на е-пошта: Повик за изразување на интерес- експерт за изработка на студија

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *