Комуникација- вашиот клуч за успехот

Проектот Коминикација – вашиот клуч за успехот (Communication – your key to success) преставува младинска размена од Еразмус + програмата на Евроспката комисија (КА1). 36 младинци од Македонија, Латвија, Естонија, Турција и Полска во периодот од 1 до 9 октомври 2018 во хотел Далјан ќе ги споведат предвидените активности на темата комуникација. Времетраење на проектот од 15 август 2018 до 14 јануари 2019
Денес повеќето од комуникацијата на луѓето се случува онлајн. Особено младите луѓе се повеќе комуницираат на интернет и тие не ги развиваат вештините за комуникација лице во лице.  Лице во лице комуникација се уште е многу важна во секојдневниот живот, а исто така и на пазарот на труд. Младите имаат проблеми да комуницираат со други без да ги користат средствата на дигитализирани емоции, видеа, гиф.

Во иднина ова појава може да предизвика неколку проблеми:

  • младите ќе имаат проблеми при интервјуата за работа,  за да ги изразат своите мисли на јасен начин;
  • употребата на социјалните медиуми многу често  прават лажна перцепција дека се поврзанисо останатите и дека тие комуницираат.

Добрите комуникациски вештини не значат само разговор. Станува збор за способност на активно слушање,  вештината за преведување на мислите во зборови во начинот за разбирање на другото лице. Комуникацијата мора да се практикува во реалниот живот, но за ваков вид на комуникација често постојат бариери, бидејќи е почувствителна отколку на интернет и понекогаш се плашиме да бидеме малтретирани. Затоа е важно да се организира безбедна средина, каде што е можно да се практикуваат и развиваат нашите комуникациски вештини.
Цели на проектот:
1. Развивање  на лице во лице комуникација на мајчин јазик и странски јазик преку неформални методи на учење;
2. Да ги пронајдеме нашите сопствени начини и методи како да ја подобриме комуникацијата и
комуникација со различни личности;
3. Да се научат различни јазици и комуникациски култури;
4. Да се охрабрат младите за да бидете поотворени кон другите култури и разлики меѓу нив и да комуницираат со луѓе од различни земји;

Проектот е во пратнерство со  органзиацијата Радосума пилс од Латвија. Проектот е финасиски поддржан од Европската унија- Еразмус + програмата. Проектот е аплициран и одобрен од Латвијската национална агенција и истиот е спроведен во Македонија со пратнерство на Хуманост.

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *