Сектор за социјална заштитa
Целта на давањето социјални услуги е поддршка во исполнувањето на секојдневните потреби на лицата на кои им е потребна оваа услуга, за да се подобри квалитетот на нивниот живот и да се спречи или одложи сместувањето во институција.
Помош и нега се обезбедуваат кога поддршката од семејството е недоволна или кога е потребна професионална нега — за лица со намален функционален капацитет поради инвалидитет, болест, повреда или изнемоштеност. Негата ја пружаат професионални и сертифицирани работници.
Услугите редовно вклучуваат професионална нега во извршувањето на секојдневните активности и лична нега за ранливите категории кои не се во можност да живеат самостојно.

За кого е наменета?
Услугите се наменети за возрасни лица и лица со намалени физички или ментални способности кои не се во состојба самостојно да живеат и да се грижат за себе без редовна нега, поддршка и надзор.
Услуги во домот
Услуги што му овозможуваат на лицето да продолжи да живее во својот дом и спречуваат потреба од сместување во институција.
Помош и нега во домот
стари лица, лица со деменција и Алцхајмер
Лична асистенција
за лица со попреченост
Живеење со поддршка
Живеењето со поддршка е социјална услуга од вонсемејна заштита, наmenета за самостоен живот на лица со попреченост, деца без родители или родителска грижа, и други ранливи групи, со стручна помош во заедницата.
Што претставува услугата?
Цел
oбезбедување услови за независен живот на корисниците во станбени единици, како алтернатива на големите институционални домови
Капацитет
во една станбена единица за живеење со поддршка може да се сместат најмногу до пет лица
Поддршка
стручна помош за секојдневни вештини, грижа за личноста, самостојност и интеграција во општеството
Станбени единици
Во склоп на Хуманост функционираат три станбени единици за живеење со поддршка, во кои се сместени 15 лица со попреченост:
Информации за корисниците
Обезбедуваме информации за: целната група, содржината на услугите, постапката за користење, цената, работното време и контакт податоците.
Контакт: servis@humanost.org.mk
