ХУМАНАС
ХуманаС е социјално претпријатие што решава општествен проблем, а профитот го реинвестира во истата дејност. Претставува сервис за нега на стари лица во домашни услови (палијативна нега), без оглед на здравствениот и социјалниот статус на корисникот.
Социјалната компонента е двојна: покрај грижата за старите лица, како негуватели се вработуваат долгорочно невработени лица и лица во социјален ризик. Идејата започна во 2009 година во општина Аеродром, пренесувајќи го искуството од Унгарија.

МИСИЈА
Подобрување на општествените процеси преку професионална нега на стари лица во домашни услови и овозможување социјална инклузија и работни места за лицата во социјален ризик.
Наши цели
СОЦИЈАЛНИ
ЕКОНОМСКИ
Што опфаќаат услугите
Помош при одржување на домот
Чистење, перење, подготовка на оброци и одржување на хигиената во домот.
Помош во дневните активности
Помош при движење, лична хигиена, облекување и секојдневни потреби
Основни здравствени процедури
Мерење на основни здравствени показатели и придружба при здравствени потреби
Социјална и психо-социјална поддршка
Дружење, разговор и намалување на осаменоста кај корисниците
Зошто ХуманаС?
Единствен и уникатен сервис за палијативна нега во Македонија. Старите лица остануваат подолго во своите домови, со прифатлива цена и професионален сертифициран тим. Корисниците сами избираат динамика и времетраење на услугата.
Нашиот тим
Признание
ХуманаС е добитник на старт-ап грант од проектот Смарт Старт
ХуманаС — Сервис за нега на стари лица во домашни услови
Е-МАИЛ
humanas@humanost.org.mk
ТЕЛЕФОН
+389 77 963 672
+389 2 5112 716
АДРЕСА
ул. Призренска бр. 50/2, 1000 Скопје, Република Македонија
