Проектот “Центар се грижи за возрасните“ и следната година, со нови побогати содржини

Општина Центар во 2018 го продолжува проектот, “Центар се грижи за возрасните“, за нега на возрасните граѓани кои живеат на територија на општината.

Моментално акцијата паузира а во наредната година ќе бидат склучени нови договори кои ќе имаат важност цела година  со нови содржини и поволности. За 2018-та година за оваа намена, општина Центар ќе издвои поголем буџет. Голем е интересот на граѓаните на општината за овој проект и за реализацијата од страна на Здружението „Хуманост“.

Оние граѓани кои ќе добијат вакви субвенции, како и досега првично ги посетува социјален работник, кој ги нотира нивните потреби од медицинска нега. Потоа, земјаќи ги предвид индивидуалните потреби на секој граѓанин, се одредуваат бесплатните услуги и помош која треба да му се пружи на секој корисник одделно.

Лиценцирани негователи ќе ги посетуваат лицата 3 пати неделно за да се добие потребната нега.

Физиотерапевт кој ќе ги посетува два пати во неделата или 8 пати месечно за лицата кои имаат потреба од физикална терапија.

Новина е тоа што еднаш месечно корисниците ќе ги посети медицинска сестра или психолог во зависност од потребите на корисниците.

Стручна комисија, при изборот ќе води сметка за социјалниот статус, финансиската и здравствената состојба на лицето кое аплицира за помош.

Линк од објавата на општина Центар кликнете тука

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *