Поддршка поврзана со КОВИД-19 која се фокусира на старите лица

Во перидот август-септември 2020 година здружението Хуманост го имплементираше проектот „ Поддршка поврзана со КОВИД-19 која се фокусира на старите лица„ во соработка и финансиска поддршка од страна на Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА во Северна Македонија.

Проектините активности беа насочени кон:

  • Линија за психо-социјална поддршка на возрасните лица;
  • Бесплатни едукативни работилници, вебинари на наменети за возрасните лица на темите, функционирање во услови на пандемија, активно стареење, ментално здравје, депресија, справување со стрес и стресни ситуации, животот во трето доба…
  • Развој на протоколи за работа во услови на пандемија предизвикана од вирусот КОВИД-19 на институциите за вон-семејна заштита и центрите за помош и нега во домот како и лична асистенција;
  • Поддршка од санитарни и заштитни пакети на државните домови за стари лица во Скопје, Куманово, Прилеп и Битола како и Специјалниот завод во Демир Капија
  • Поддршка на институциите за спроведување на услуги за време на пандемијата предизвикана од КОВИД-19
  • Развој и дистрибуција на едукативни флаери и постери;


Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *