Kонкурс за работен ангажман на една работна позиција проектен/-a асистент/-ка.

Здружението за поддршка и развој Хуманост, објавува конкурс за работен ангажман на една работна позиција проектен/-a асистент/-ка.

  1. Проектен /-a асистент/ка

1.2  Барани квалификации:

  • Диплома за завршено високо или средно образование;
  • Претходно работно искуство на проекти финансирани од интернационални и домашни донатори;
  • Познавање на Microsoft office;
  • Искуство во соработка со медиуми и организирање на промотивни активности;
  • Напредно користење на социјални медиуми за маркетинг промоција;
  • Одлични познавања на македонски и англиски јазик;
  • Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи,посветеност и тимска работа;
  • Државјанство на Република Македонија.

За предност ќе се смета:

  • Работно искуство во граѓанскиот сектор;
  • Работно искуство во проекти;
  • Искуство во спроведени обуки или проекти од областа на социјална и здраствена заштита, младински политики, вработување и социјално претприемништво.

Ве молиме во апликацијата да наведете телефон и e-адреса за контакт.

Кандидатите кои најдобро одговараат на горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју по завршувањето на конкурсот.

Документите и вашата кратка биографија доставите ги на следната eлектронската пошта: contact@humanost.org.mk најдоцна до 27.01.2020 година, со назнака апликација за конкурс за вработување.

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *