Јавен повик за пријавуавње за обука за стручно образование базирана на креирана образовна програма „Асистент за нега на лица со деменција-Алцхајмерова болест и интелектуална попреченост“.

I. Информации за обуката
Обуката се реализира од страна на стручни лица, со долгогодишно научно и практично искуство во секоја од предвидените модули, преку која учесниците можат да се стекнат со практични и теоретски знаења и компетенции за „Асистент за нега на лица со деменција-Алцхајемрова болест и интелектуална попреченост“. По завршување на едукативниот и практичниот дел, се врши проверка на стекнатите знаење, со што учесниците се стекнуваат со сертификат признает на државно ниво за стекнати компетенции како „Асистент за нега на лица со деменција-Алцхајемрова болест и интелектуална попреченост„.

II. Програма за обуката:
Програмата се состои од 12 модули (преку теоретски, практичен дел ) и тоа 90 часа теорија, 180 часа пракса и 30 часа оценување.
Програмата „Асистент за нега на лица со деменција-Алцхајемрова болест и интелектуална попреченост“на Хуманост е верифицирна од страна на Министерството за образование и наука со решение број 12-2296 и Центарот за образование на возрасни со решение број 10-39 .

III. Квалификации на учесниците
• Кандидатките треба да ги исполнуваат следните општи услови:
• Завршено основнo или средно образование
• Да се на возраст над 18 години
• Државјани на Република Македонија
• Да бидат мотивирани за работа со лица со деменција-Алцхајемрова болест и интелектуална попреченост

IV. Времетраење на обуката
Обуката ќе се реалзира во периодот од 15 јануари 2020 до 15 мај 2020 година.

V. Надоместок за обуката
Обуката и материјалите за обуката за избраните кандидати ќе бидат покриени од страна на органзиаторот како дел од проектните активности.

VI. Број на учесници/чки на обуката
Предвидениот број на учесници кои ќе ја следат бесплатната обука изнесува 10 учесници/чки.

VII. Начин на пријавување
Сите заитересирани кандидати можат да се пријават со поптолнување на електронската пријава(пријава) најдоцна до 16.12.2019 година.

Важно: Ќе бидат контактирани само кандидатите од потесен избор за сите потребни информации (динамика на обуката, започнување на обуката и место на одржување на обуката).

Избраните кандидати ќе потпишат договор за следење на програмата за образование на возрасните со кој ќе бидат регулирани правата и обврските на организаторот на обуката и учесниците во истата.

VIII. Дополнителни информации
Дополнителни информации за повикот можете да добиете во на канцелариите на Здружението Хуманост, на ул. Бранислав Нушиќ бр. 13-1/17, Скопје, на телефонските броеви 072 229418 и 02 5112 716 или електронски на е-маил адресата edukacija@humanost.org.mk.

Обуката е во реалзиаија на Здружението за поддршка и развој Хуманост со финасиска поддршка од Влада на Република Северна Македонија.

                    

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *