Јавен повик за прибирање на понуди за набавка на средства за дезинфекција на раце и површини, медицински ракавици и заштитни маски .

Превземи: Јавен повик

Здружението за поддршка и развој Хуманост во соработка со Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА во Северна Македонија, започна со реализација на проектот ак „„Поддршка поврзана со КОВИД-19, која се фокусира на  старите лица “, дел од имплементирање на активностите поврзани со КОВИД-19.

Со цел имплементација на  активностите зацртани во планот за поддршка и заштита  на возрасните и лицата со попреченост од пандемијата предизвикана од корона вирусот КОВИД-19, сместени во установи за заштита на старите лица во Скопје, Куманово, Прилеп и Битола како и ЈУ Специјалниот завод Демир Капија, здружението  Хуманост објавува јавен повик  за прибирање на понуди за набавка на средства за дезинфекција на раце  и површини, медицински ракавици и заштитни маски.

  1. Право на учество имаат сите правни лица кои поседуваат сертификати за следните продукти:

 

  • Техничка спецификација на средствата за дезинфекција на раце и површини

Количина: во зависност од понудената цена

Карактеристики:

– антисептик средство за дезинфекција на  раце без употреба на вода и сапун кое уништува 99% од  бактериите – согласно заштитата од КОВИД 19

– антибактериско средство 0.2% готов раствор за употреба на и дезинфицирање на површини, прибор, раце и санитарии против бактерии, фунгицид и вируси

 

  • Техничка спецификација на медицински ракавици

              Количина: во зависност од понудената цена

             Карактеристики:

медицински ракавици од латекс во различни големини за хигиенска заштита и заштита од други здравствени цели.

 

  • Техничка спецификација на заштитни маски

Количина:-во зависност од понудената цена

Карактеристики:

-памук (100%)

– лесни за употреба и заштита од КОВИД 19

– за една или повеќекратна употреба

-лесни за одржување доколку истите се користат за дев до три употреби.

  1. Документи за пријавување

 

За пријавување на правното лице треба да се достават следните документи:

  • Финансиска понуда со цена за продуктот/услугата изразена без ДДВ (проектот е ослободен од плаќање на ДДВ), препратена со соодветниот сертификат за продуктот.

 

  1. Начин на пријавување

Потребната документација треба да се достави во електронска верзија на е-адресата sashejovanov@humanost.org.mk и/или во печатена верзија (лично или по пошта) на ул. Бранислав Нушиќ 13-1/17, Скопје, најдоцна до 07.10.2020 година.

 

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *