Јавен повик за прибирање на понуди за адаптација и реконструкција на два објекта за отварање на две мали станбени единици за поддржано живеење.

Превземи: Повик за реконструкција

Превземи: Анекс1 за објект 2

 

Во рамки на проектот “Supporting the resettlement of persons with intellectual disabilities from the residential institution of Demir Kapija into community based supported living settings” со референтен број IPA/2019/414-203 кој се имплементираат под ЕУ грантовата шема „Поддршка за процес на деинституционализација во социјален сектор“ која го поддржува процесот на деинституционализација во корист на услугите базирани на заедницата, имплементација на одржливо живеење во заедница и социјални услуги во заедницата во согласност со целите и планот за имплементација на „Националната стратегија за деинституционализација (2018-2027)“ – се врши  прибирање на понуди од приватни субјекти за адаптација  и реконструкција на објекти за отварање на мали станбени единици за живеење со поддршка за имплемтација на предвидените проектни ативности.

Во вашата понуда наведете информации и цени за:

  1. Адаптација и реконструкција на објект 1

Ул. Првомајска бр. 8

Потреби за адаптација и реконструкција:

– Уредување (израмнување) на дворно место 100 до 150 м2

– Поставување на надворешна ограда на дворно место и балкон

– набавка и монтажа на три (3) внатрешни врати,

– набавка и монтажа на вц школка, лавабо, преточен бољер;

– набавка и монтажа  на чешми за лавабо, туш чешма;

_ преградување со шибер (лизгачка врата на дел од ходникот;

– изработка на монтажна пристапна рампа;

– адаптација на дел од надворешниот балкон за монтирање на монтажата пристапна рампа;

– Молерисување на внатрешноста на објектот(колор)– 66м2;

– Фарбање на ограда и други површини;

 

  1. Адаптација и реконструкција на објект 2

Ул. Маршал Тито бб.

Потреби за адаптација и реконструкција:

– Адаптација и реконструкција на внатрешниот дел од објектот 228 м2;

– преградување на дел од  просторот во неколку засебни соби (21м2, 15м2,15м2) детално објаснето во скиците дел од повикот анекс 1 ( со користење на  материјали за изолација од вода, струја, стаклена волна, гипс картон и инсталација на струја во секоја од спалните соби );

–  адаптација на постоечки тоалети (тоалет еден со  адаптација за туш кабина)

– проширување  на внатрешни прозорци во делот  на дневна и трите спални соби (4 х 80 см), детално објаснето во скици те дел од повикот анекс 1

– набавка и монтажа на нови прозорци;

– адаптација на кујната,

– навака и монтажа  и соодветна припрема за прозорец во кујна 200см, детално објаснето во скиц те дел од повикот анекс 1

–  изолација и вградување на внатрешен кров (таван) со гипс картон и соодветна заштита за греење и ладење;

– изолација од влага и вградување на гипс картон на постоечките внатрешни ѕидови;

– внатрешна водоводна и електрична изолација;

– изолација и поставување на ламинат или друг вид на материјал на подот;

– молерисување на внатрешниот дел од објектот (колор);

– фарбање на надворешен и внатрашен дел од објектот;

– изработка на пристапни рампи, на влезна внатрешна врата, пристапна рампа од дневна кон ходникот за спалните соби;

– нулирање и пристапност на целиот внатрешен и надворешен простор;

– уредување на носечката греди со гипс картон;

* Напомена: секоја дополнителна непредвидена работа при адаптација и реконструкција  се договара со договорниот орган;

* Напомена: Доколку во описот се испуштени некои работи за адаптација и реконструкција се опишани во скици те анекс 1;

Набавката не е делива.

Цената на услугата да биде прикажана со и без ДДВ во самата понуда.

Понудите треба да бидат испратени преку е-маил на следнава е-маил адреса: sashejovanov@humanost.org.mk

Рок за доставување на понудите: пет (5) работни дена, од 11 до 17 август 2021 до крајот на работниот ден.

*Со избраната фирма ќе се склучи договор со најниска понуда, каде што ќе биде наведено времетраење на реконструкција на објектите и начинот на плаќање

Проектот е поддржани од Европската Унија.

Контакт:

Сашко Јованов- 072 229 418, sashejovanov@humanost.org.mk ;

 

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *