Јавен повик за ангажирање на преведувач од македонски на албански јазик за прирачник за обука „Асистенти за нега на лица со деменција-Алцхајмерова болест и интелектуални попречености“

Превземи Јавен повик

1. Краток опис на проектот

Здружението на граѓани “Еко Логик“ и здружението “Хуманост“ почнувајќи од 19-ти декември 2017 година започнаа со спроведување на проектот “Инклузивен пазар на труд за одржлив развој на заедницата“, кој е финансиран од Европската Унија, преку Сектор за централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД) при Министерството за финансии на Република Македонија.

Предложената акција се фокусира на унапредување на две различни професии преку создавање на две нови програми за стручно образование и обука, една програма за обучувачи за помош на стари лица во домашни услови и друга за аналитичари за одржлив развој. Темите кои се насочени во акцијата се наменети за истата целна група, млади невработени лица, мажи и жени, вклучувајќи и млади луѓе од маргинализирани групи.

2. Цели на проектот

  • Генерална цел:

Подобрување на државни насоки и политики поврзани со невработеност на млади, социјални услуги и претпримеништво, и давање на насоки за нивно доближување кон тековни сродни ЕУ насоки и политики, преку остварување на клучен дијалог со политички актери, граѓански организации, бизнис заедница и други.

Специфични цели:

Цел 1: Вклучувањена граѓански организации во процесот на креирање на насоки и политики, како и подобрување и предложување на реформи во приоритетни сектори на теми вон-институционална грижа и социјални услуги за стари лица, како и одржливост и животна средина.

Цел 2: Усогласување на вештините на младите луѓе со потребите на пазарот на трудот, во согласност со најдобрите практики достапни во ЕУ.

Цел 3: Започнување на клучен дијалог со политички актери, бизнис заедница и граѓански организации со цел детерминирање на нивната улога во овозможување на одржливост и инклузија, преку иновативен и партиципативен пристап.

Цел 4: Обезбедување на поатрактивно образование и тренинг програми преку креирање и користење на ИКТ базирани методологии кои ќе водат кон подобрување на процесите на препознавање и валидација на компетенции и вештини.

2. Работни задачи на преведувачот

Ангажираниот преведувач ќе биде одговорен за превод од македонски на албански јазик на прирачникот  „Асистенти за нега на лица со деменција-Алцхајмероvа болест и интелектуални попречености“, со обем од 144 страни (1800 карактери страна) за спроведување на обука “Асистенти за нега на лица со деменција -Алцхајемрова болест и интелктуални попречености”

3. Квалификации на преведувачот

  • Образование
  • Универзитетска диплома по Албански јазик и литература.
  • Искуство
  • Минимум 2 години професионално искуство во преведувањеи толкување од македонски на албански јазик;
  • Искуство со превод на текстови од екологија и социјална работа ќе се смета за предност.
  • Сертификати:
  • Лиценца за судски преведувач за превод и толкување од македонски на албански јазик.

Останатите потребни информации како и потребната документација (финасиска понуда) ќе ги најдете во самиот повик на линкот погоре.

Краен рок за доставување на документацијата е најдоцна до 15.01.2019 година до 17.00 часот.  

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *