Јавен повик за ангажирање на правни лица за техничка обработка, графички дизајн, лектура и печатење на прирачник за обука за „Асистенти за нега на лица со деменција-Алцхајмерова болест и интелектуални попречености“, за потребите на проектот „Инклузивен пазар на труд за одржлив развој на заедницата“

ПреземиЈавен повик

1. Краток опис на проектот

Здружението на граѓани “Еко Логик“ и здружението “Хуманост“ почнувајќи од 19-ти декември 2017 година започнаа со спроведување на проектот “Инклузивен пазар на труд за одржлив развој на заедницата“, кој е финансиран од Европската Унија, преку Сектор за централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД) при Министерството за финансии на Република Македонија.

Предложената акција се фокусира на унапредување на две различни професии преку создавање на две нови програми за стручно образование и обука, една програма за обучувачи за помош на стари лица во домашни услови и друга за аналитичари за одржлив развој. Темите кои се насочени во акцијата се наменети за истата целна група, млади невработени лица, мажи и жени, вклучувајќи и млади луѓе од маргинализирани групи.

2. Цели на проектот

  • Генерална цел:

Подобрување на државни насоки и политики поврзани со невработеност на млади, социјални услуги и претпримеништво, и давање на насоки за нивно доближување кон тековни сродни ЕУ насоки и политики, преку остварување на клучен дијалог со политички актери, граѓански организации, бизнис заедница и други.

Специфични цели:

Цел 1: Вклучувањена граѓански организации во процесот на креирање на насоки и политики, како и подобрување и предложување на реформи во приоритетни сектори на теми вон-институционална грижа и социјални услуги за стари лица, како и одржливост и животна средина.

Цел 2: Усогласување на вештините на младите луѓе со потребите на пазарот на трудот, во согласност со најдобрите практики достапни во ЕУ.

Цел 3: Започнување на клучен дијалог со политички актери, бизнис заедница и граѓански организации со цел детерминирање на нивната улога во овозможување на одржливост и инклузија, преку иновативен и партиципативен пристап.

Цел 4: Обезбедување на поатрактивно образование и тренинг програми преку креирање и користење на ИКТ базирани методологии кои ќе водат кон подобрување на процесите на препознавање и валидација на компетенции и вештини.

Во рамките на проектот предвидено е графички дизајн, техничка обработка, лектура и печатење на прирачникот за спроведување на обуката за „Асистенти за нега на лица со деменција-Алцхајмерова болест и интелектуални попречености “. Со цел имплементација на оваа фаза од проектот, здружението Хуманост објавувa јавен повик за ангажирање на правни лица за изработка на посакуваниот продукт.

3. Обем и карактеристики на прирачникот

  • Димензии 165х235 мм тврд повез
  • Обем: 144 стр. + корица
  • Внатрешни страни: 90 гр. кунздрук, печат: 4/4
  • Корица: 135 гр. кунздрук, печат : 4/0 +пластификат
  • Каширање на сива лепенка
  • Доработка : шиење

4. Работни задачи на правното лице

Ангажираното правно лице ќе треба да ги извршува следните работни задачи:

  • Графички дизајн на прирачникот (најмалку доставени три дизајна)
  • Технича обработка на текстот во прирачникот
  • Лектура на текстот во прирачникот
  • Печатење на прирачникот во 250 копии
  • Соработка со проектниот тим

Останатите потребни информации како и потребната документација (финасиска понуда) ќе ги најдете во самиот повик на линкот погоре.

Краен рок за доставување на документацијата е најдоцна до 13.12.2018 година до 17.00 часот. 


Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *