Продолжен рокт за Јавниот оглас за пријавуавње за обука за стручно образование базирани на креирана образовна програма „Асистент за нега на лица со деменција-Алцхајмерова болест и интелектуална попреченос

Превземи : Јавен повик_обука

Здружението за подршка и развој Хуманост во рамки на  регрантираниот проект „Социјално претпријатие ХуманаС„ регрантиран во рамки на проектот „Отвараме можности„ имплементиран од  страна на  ХЕРА, отвара јавен повик  до сите заинтересирани лица кои сакаат да се стекнат со компетенции и сертификат за „Асистент за нега на лица со деменција-Алцхајмерова болест и интелектуална попреченост“.

I. Информации за обуката

Обуката се реализира од страна на стручни лица, со долгогодишно научно и практично искуство во секоја од предвидените модули, преку која учесниците можат да се стекнат со практични и теоретски знаења и компетенции за „Асистент за нега на лица со деменција-Алцхајемрова болест и интелектуална попреченост“. По завршување на едукативниот  и практичниот дел, се врши проверка на стекнатите знаење, со што учесниците се стекнуваат со сертификат признает на државно ниво за стекнати компетенции како  „Асистент за нега на лица со деменција-Алцхајемрова болест и интелектуална попреченост“

II. Програма за обуката:

Програмата се состои од 12 модули  (преку теоретски, практичен дел ) и тоа 90 часа теорија, 180 часа пракса и 30 часа оценување.

Програмата „Асистент за нега на лица со деменција-Алцхајемрова болест и интелектуална попреченост“на Хуманост е верифицирна од страна на Министерството за образование и наука со решение број 12-2296  и Центарот за образование на возрасни со решение број 10-39 .

III. Квалификации на учесниците

  • Кандидатките треба да ги исполнуваат следните општи услови:
  • Завршено основнo или средно образование
  • Да се на возраст над 18 години
  • Државјани на Република Македонија
  • Да бидат мотивирани за работа со лица со деменција-Алцхајемрова болест и интелектуална попреченост
  • Да бидат припрадници на ромската етничка заедница

IV. Времетраење на обуката

Обуката ќе се реалзира во периодот  од  09 септември 2019 до 27 декември 2019 година.

V. Надоместок за обуката

Обуката и материјалите за обуката, освежување и патни трошоци  за избраните кандидати ќе бидат покриени од страна на органзиаторот како дел од проектните активности.

VII. Број на учесници на обуката

Предвидениот број на учесници кои ќе ја следат бесплатната обука изнесува 10 учесници.

VII. Начин на пријавување

Сите заитересирани кандидати можат да се пријават на е-маил edukacija@humanost.org.mk, тел, 072 229 418 и 02 5112 716 или во просториите на здружението на ул. Бранислав Нушиќ бр.13-1/17, Скопје, најдоцна до 26.08.2019 година.

Важно: Ќе бидат контактирани само кандидатите од потесен избор за сите потребни информации (динамика на обуката, започнување на обуката и место на одржување на обуката).

VIII. Дополнителни информации

Дополнителни информации за повикот можете да добиете во на канцелариите на Здружението Хуманост, на ул. Бранислав Нушиќ бр. 13-1/17, Скопје, на телефонските броеви 072 229418 и 02 5112 716 или електронски на е-маил адресата edukacija@humanost.org.mk.

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *