Потпишани договори со 12 граѓански здруженија за поддршка на проекти за социјална инклузија на старите лица

Во рамките на Регионалниот проект „Преземање на акција за социјална инклузија на старите лица“ финансиран од Европската унија, финансиски поддржан од Австрискиот Црвен крст и Австриската агенција за развој, Црвениот крст на Република Македонија и здружението Хуманост како зеднички партнери во проектот, објавија повик до граѓанските здруженија за поддршка на проекти за социјална инклузија на старите лица. Врз основа на направената евалуација беа селектирани  проекти на 12 граѓански здруженија.

Црвениот крст на Република Македонија и Хуманост на 01ноември 2017 година одржаа средба со претставници на  граѓанските здруженија на која беа потпишани договори за поддршка на проектите за социјална инклузија на старите лица. Од страна на генералниот секретар на Црвениот крст на РМ г-дин Саит Саити беа упатени честитки до граѓанските здруженија добитници на под-грантовите и беше изразено задоволство од нивниот интерес да се вклучат и дадат придонес воостварување на  подобра социјална вклученост на старите лица во заедниците.

Претставниците на граѓанските здруженија беа поздравени и од страна на извршниот директор на Хуманост г-дин Сашо Јованов кој меѓу другото го истакна значењето на понудените проектни иницијативи со кои ќе се поттикнеактивно учество на старите лица и ќе се стави акцент на прашања поврзани со приоритети на старите лица, особено во однос на нивна подобра социјална вклученост.

Од страна на претставниците на граѓанските здруженија беше искажана благодарност на Црвениот крст на РМ и Хуманост за обезбедената поддршка на проектите активности наменети за зголемено учество на старите лица во општествениот живот.

На средбата исто така беа дадени и инструкции за спроведување на процесот на имплементација на проектните иницијативи кои граѓанските здруженијаќе имаат можност да ги имплементираат во период од десет месеци.

  • Здружение за алцхајмерова  болест, Скопје
  • Здружение Јустиција, Куманово
  • Здружение Виножито, Радовиш
  • Локална агенција за развој, Струга
  • Сојуз на здружение на пензионери на РМ
  • Центар на заедницата на општина Центар
  • Здружение Еко логик, Скопје
  • Организација на жени Пехчево
  • Здружение за развој на ромската заедница Сумнал, Скопје
  • Македонска национална организација за гешталт терапија – гешталт Здружение на РМ, Контакт, Скопје
  • Иницијатива на невработени интелектуалци, Виница
  • Отворете ги прозорците, Скопје

 

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *