Посета на корисниците на услугите на сервисот за домашна нега

Денеска заедно со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и претставници од граѓанската организација Хуманост посетивме семејство кое добива помош и услуги преку проектот Нега и грижа за стари лица во домашни услови на општината.
Ова е проект на општина Центар, во соработка со граѓанската организација Хуманост. Сакавме да ја запознаеме министерката со успешниот проект, кој што општина Центар го спроведува веќе втора година. Со проектот се опфатени лица на кој им е потреба нега од трети лица. Со реализација на овој проект сакаме да покажеме дека општина Центар заедно со министерството за труд и социјална политика и Владата на РМ водиме грижа за овие лица кои се во поодминати години. Тоа се нашите родители и баби и дедовци кои се грижеле за нас и не направиле ова што сме денес. Овие проекти ќе ги прошируваме секоја година за да опфатиме што е можно поголем број на корисници и овој проект да стане препознатлив не само за општина Центар, туку и во другите општини. Со проширувањето и збогатувањето на овој проект ќе стигнеме до стандардите на поразвиените земји на европската унија кон која се движиме и стремиме.


Министерката Царовска го изрази задоволството од одличната соработка меѓу општина и граѓанска организација со цел да се понуди квалитетна и соодветна услуга за граѓаните во одредена општина.
Општина Центар има возрасно население и многу е важно дека општината го препозна овој проблем и нашле модел со кој на оние граѓани, кои не можат да добијат помош на друг начин во домашни услови, да ја добиваат оваа помош од општината и од граѓанската организација Хуманост, посочи министерката. Министерката упати порака и до другите општини, по примерот на Центар да го видат овој модел како позитивен и потребен и да го имплементираат во своите општини. Овие проекти не чинат многу, но ефектот кај граѓаните е навистина голем. 


Емилија Робановска од Хуманост рече дека се работи со сертифицирани негуватели кои се обучени да даваат помош и поддршка на корисниците.
Општина Центар треба да биде пример и затоа апелирам и другите општини по примерот на Центар да организират вакви проекти, рече Робановска.

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *