Оглас за вработување на две (2) медицински сестри во станбени единици за поддржано живеење (мали станбени единици) во општина Демир Капија – полно работно време

„Хуманост“ во моментов вработува две (2) медицински сестри кои ќе работат со полно работно време во двете (2) мали станбени единици што ќе работат од  септември/октомври 2021 година, т.е. по една медицинска сестра на мала станбена единица од по 5 лица.

Вработувањето ќе се изврши врз основа на договор за проект за периодот септември/октомври 2021 година – јануари 2023 година (или дополнително продолжување за 6 месеци доколку ЕК одобри продолжување на проектот). По завршувањето на проектот, Здружението Хуманост ќе изврши проценка на потребните позиции во согласност со Правилникот за социјални услуги на Министерството за труд и социјална политика (МТСП) на Република Северна Македонија, за продолжување или скратување на работната позиција.

Аплицирање/Пријавување

Ги повикуваме кандидатите да достават целосна биографија на македонски јазик до 30/06/2021 на contact@humanost.org.mk

Сите пријави ќе се сметаат за доверливи, во согласност со барањата за заштита на личните податоци.    

За повеќе информации погледнете на Оглас за вработување медицински сестри-Демир Капија

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *