Модул “Нормативна рамка на права и услуги од социјална заштита на лицата со деменција и интелектуална попреченост”

Заврши првиот модул “Нормативна рамка на права и услуги од социјална заштита на лицата со деменција и интелектуална попреченост” од обуката за посебната образовна програма за возрасни “Асистент за нега на лица со Деменција – Алцхајмерова болест и интелектуални попречености”

Преку овој модул идните асистентите се запознаа со правата и услугите од системот на социјална заштита, кои можат да ги користат лицата со деменција – алцхајмерова болест и интелектуални попречености. Дознаа повеќе за установи за институционална и вонинституционална заштита на лицата со деменција – алцхајмерова болест и интелектуални попречености.
Тие исто така слушнаа повеќе за правата и облиците на заштита на децата со интелектуални попречености.

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *