Младинска рамена „Размислувај без граници“/ Youth Exchange „Think Big“

13090677_1130574647008064_639574985_o

Oд 15 до 21 Април во Јалова (Yalova), Турција се одржа младинската размена „Размислувај без граници“ (Think Big) со вкупно 45 учесници од три држави и тоа Турција, Грција и Македонија.

Целта на оваа размена беше  да им се помогне на младите и младинските работници да размислат на поголемата слика  за развој на нови бизнис идеи , да го откријат, унапредат и  во иднина  да го  развијат својот креативен и претприемачки  дух.

Иако глобалната економска криза во Европа, односно ситуацијата со малдите и нивното вработување не е така розово во овие држави и глобално земено секоја држава се соочува  на свој начин со овој проблем, големата стапка на навработеност кај младите и редуцирани вработувања .На оваа размената се потикнаа учесниците да размислуваат без граници и да ја дадат идеалната слика на општество кои тие сакаат да живеат. По градење на тимскиот дух и  нивно меѓусебно запознавање, учесниците работе на истражување и претставување на состојбата со младинската невработеност, слободни работни места, мерки кој што ги превземаат државите за справување со овој проблем и која е минималната плата во секоја од државите и дали е истата доволна да обезбеди квалитетен живот на младите.

Откако се направи ова истражување се дебатираше на темата која е преспективата на младите, како младите го користат своето слободно време, дали се тие активни  и дали придонесуваат за решавање на оваа ситуација. Исто така беа прашани дали и  колку се запонаети со социјалното претприемништво и со какви проблеми се соочуваат младите невработени лицаи дали истите доколку се невработено би се бореле со предизивиците и ризокот за отварање на социјален бизнис.

Откако се завршија овие базични акивности, учесниците беа поделени во мешани групи и работеа на проекти за равивање на нови бизни идеи  или унапредување на постоечките бизнис за решавање на ситуацијата со невработеноста како и низа вежби и активности  за развивање на социјалното претприемништо како нов тренд за вработување на младите.

Откако беа завршени сите овие проекти се премина кон креирање на кампањи за промовирање на новите бизнис идеи на учесниците.

Покрај овие активности беше организран НВО саем, културни вечери и посета на младински центар во Јалова.

По завршување на оваа размена исто така се воспоставија добри пратнерски релации со организациите од трите држави партнери во овој проект за идна успешна соработка.

Фотографии од размената „ Размислувај без граници“

Photo of Youth Exchange Think Big

 

 

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *