Форум на невладини организации во рамки на Министерската конференција за стареење на UNECE

Оваа година Министерската конференција за стареење се одржува во Лисабон, Португалија на 21 и 22 септември во организација на  Економската комисија на Обединетите нации за Европа (UNECE). Темата на конференцијата е: „Одржливо општество за сите возрасти: Реализација на потенцијалите за подолго живеење“.

Во рамките на конференцијата на 20 септември се одржа форум на невладини организации кои работаат на програми за стареење, на кој беа подготвени предлог препораки по трите теми на конференцијата по кои ќе се водат експертски панел дискусии:

  1.   Препознавање на потенцијалите на старите лица
  2.   Поттикнување на подолг работен век и способност за работа
  3.   Обезбедување на достоинствено стареење

На форумот учествуваа претставници од Црвениот крст на Република Македонија и здружението Хуманост, заедно со претставници на Црвениот крст на Србија и асоцијацијата „Осмијех“ од Босна и Херцеговина.

Целта на учеството на невладините организации на НВО форумот беше да се земе учество во ревидирањето на Мадридскиот меѓународен план за акција (MIPA) и Имплементација на Регионалната стратегија на UNECE, односно да се дадат предлог препораки на земјите членки за зајакнување на  потенцијалот на MIPA како инструмент за заштита на правата на старите лица.

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *