Програма „Личнен асистент на лица со попреченост“

Краток вовед

Програмата за персонална асистенција на лица со попреченост има  за цел да придонесе за независно и самостојно живеење на лицата со попреченост и нивно активно и рамноправно учество во заедницата и во општеството во целина.

Персоналната асистенција на лица со попреченост е услуга од социјална заштита,  преку која се обезбедува поддршка на лицето со попреченост во неговото осамостојување, согласно неговите индивидуални потреби.

Персоналната асистенцијата треба да биде прилагодена на личните и поединечни потреби  на корисникот, кој  одлучува кои активности ќе ги делегира и на кого, така што ќе му овозможи да живеe во помалку ограничена околина, односно му овозможува слобода на избор и независно раководење на личниот живот со цел да ја компензираат својата попреченост, делегирајќи ги своите задачи на други лица.

Здружението Хуманост, ја верифицира програмата „Личнен асистент на лица со попреченост“ која е верифицирана од страна на Цетарот за образование на возрасни со Решение број 10-70 и од страна на Министерството за образование и наука на Република Македонија со Решение број  12-275.

Обуката се реализира од страна на стручни лица, со долгогодишно научно и практично искуство во секоја од предвидените модули, преку која учесниците можат да се стекнат со практични и теоретски знаења и вештини за ефикасна грижа и поддршка на лицата со пореченост.

Информации за програмата

Програмата е достапна за сите заинтересирани возрасни лица, без оглед на нивниот социјален и економски статус, етничката припадност и / или способност.

Кандидатите за оваа проеграма треба да имаат завршено најмалку средно образование психофизички здрав, емоционално способен и стабилен, да има афинитет за оваа работа.

Оваа програма опфаќа  стручно-теоретски содржини во времетраење од 96 часа кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак е со времетраење од 104 часа и се изведува во становите на лица со посебни потреби, домови и/или институции за сместување  на лица со посебни потреби, специјализирани институции и/или во институции со организиран дневен престој.

По завршување на едукативниот дел, се врши проверка на стекнатите знаења и вештини, со што учесниците се стекнуваат со сертификат  Личен асистент на лица со попреченост.

Цел и програма за обука

Целта на обуката е стекнување на професионални вештини  и компетенции за Личен асистент на лица со попреченост .

Програмата се состои од 4 модули:

  1. Основни познавања на видовите на попреченост, видови на помагала и нивна примена
  2. Помош на работното место, образовниот процес и во заедницата
  3. 3. Помош во домот на корисникот
  4. Комуникација

 

 

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *