Тековни Проекти

Пилот проектот „Центар се грижи за возрасните“

Поддржано од:

C

 

Од  3 април здружението Хуманост како  избран провајдер на услугата  „Нега на стари лица во домашни услови“,  од страна на општина Центар, започна со реализација на пилот проектот „Центар се грижи за возрасните“ .

Секој корисник кој има аплицирано за нега во општина Центар, ќе добива услуга- нега три пати неделно, по два часа. За возрасните  опфатени со овој пилот проект ќе се грижат професионални негуватели, кои ги поседуваат потребните сертификати . Активностите ќе ги координираат лица одговрни за реалзиација на оваа активност како и социјален работник, кој ќе подготвува досие за секој корисник, детална анамнеза и план за работа. На овој начин, секој корисник ќе добие индивидуализирана грижа според личните потреби.

Со овој проект,  максимум 120 возрасни лица, жители на општината, ќе добиваат професионална нега во нивните домови, без да имаат потреба од институционално сместување.

Негата од страна на негувател/ка во домашни услови е насочена кон:

  • Помагање во одржување на домот (чистење, готвење, пазарење, перење, пеглање)
  • Поддршка во извршување на секојдневните активности ( прошетка, социјализација, одржување на лична хигиена кај корисникот)
  • Промена на ергономски и медицински принципи во секојдневните активности (лесна масажа ивежби, комуникација со матичен лекар, придружба при рутински контроли и матичен лекар, мерење притисок, набавка на лекови)

Професионален и сертифициран тим кои се грижа на возрасните во домашни услови

  • Професионалните негуватели/ки помагаат да се врати балансот и квалитетот на животот на возрасните лица преку обезбедување на поддршка во секојдневниот живот,
  • Професионалните негуватели/ки помагаат во непречено извршување на домашните активности,
  • Професионалните негуватели/ки се грижат за заштита или враќање на самостојноста на корисниците на услугата и ги поддржуваат во нивниот социјален живот

Услугите се наменети за:

Услугите се наменете за возрасни лица над 62 години од територија на општина Центар, независно во каква здравствена или социјална состојба се наоѓаат.

Период и начин на користење на услугите:

  • Услугата е БЕСПЛАТНА за корисниците,
  • Три пати неделно посета по два часа од страна на негувател/ка
  • Еднаш месечно посета од страна на социјален работник

Доколку имате потреба од помош и нега во домашни услови од страна на професионален и сертифициран тим за давање на професионална нега во домашни услови или пак Ви требаат повеќе информации, јавете се на 077 963 672 или на е-маил: servis@humanost.org.mk

____________________________________________________________________________________

Проектот е финансиран
од Европската унија

Креирање на можности за нови вработувања на жената

  

Креирање на можности за нови вработувања на жената“ во рамки на Оперативната програма за развој на човечки ресурси 2007-2013 (ИПА Компонента 4), финансиран од Европската Унија кој ќе се имплементира во партнерство со Здружението Хуманост, Скопје и Австрискиот Црвен крст.

Преку овој проект ќе се зголеми интеграцијата на долгорочно невработените жени(40) над 40 годишна возраст на пазарот на трудот. Со  проектот ќе се придонесе да се развие и верификува програма за обука за негуватели за грижа на стари лица во домашни услови, како и да се развијат знаења и вештини на долгорочно невработени жени за обезбедување на  мобилни социјални услуги за стари лица во нивите домови.

nov proekt

______________________________________________________________________________________

 

Превземи акција за социјална иклузија за старите лица

Untitled-7

Проектот е финансиран
од Европската унија

 

Подобрување на капацитетите на граѓанските организации и нивно вклучување во процесите на креирање на политики и донесување одлуки за социјално вклучување на старите лица во земјите од Западен Балкан на национално и регионално ниво има за цел регионалниот проект „Преземање на акција за социјална инклузија на старите лица“.

Проектот е финансиран од Европската унија и ќе се имплементира во следните три години во Македонија, Алабанија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Во Македонија носители на проектот се Црвениот крст на Република Македонија и здружението  Хуманост.

Повеќе информаци за проектот кликнете: Македноски, Англиски

 

_______________________________________________________________________________________

“И ние сме креативни”

                  Проектот е поддржан од:
logo terzieva

Здружението Хуманост со поддршка на Домот за стари лица „ТЕРЗИЕВА“  го реализира проектот „И ние сме креативни“. Со овој проект се предвидени креативни и тематски работилници секој месец за изработка на различни предмети кои се во согласност со планот и програмата на активностите во домот ТЕРЗИЕВА. Со работилниците старите лица ќе имаат можност да ја истакнат својата креативност преку изработка на најразлични предмети од стакло, глина, пластика, керамика, хартија и други материјали. По изработка на предметите ќе се организираат различни тематски базари  каде што предметите ќе се продаваат. Со собраните финансиски средства од  базарите согласно одлуката на старите лица  ќе бидат искористени за натамошни работилници или истите ќе бидат донирани.