“Sustainability Advisors: Discussing the potential for new green jobs among young people in Europe”,

Здружението на граѓани Еко Логик од ноември 2018 година, во улога на координатор, започна со спроведување на проектот “Sustainability Advisors: Discussing the potential for new green jobs among young people in Europe”, финансиран од Еразмус+ Програмата преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. На 13ти и 14ти декември 2018 година во Скопје се одржа првиот транснационален состанок, во рамките на овој проект со партнерите InterAction од Австрија и Fundacja Instytut Innowacji од Полска и Здружението Хуманост од Македонија. За време на состанокот од страна на Еко Логик беше претставена и дискутирана новата верифицирана посебна образовна програма за возрасни “Аналитичар на одржлив развој”. Партнерите од Австрија и Полска ги споделија добрите практики од нивните држави поврзани со оваа професија и со останатите т.н зелени работни места.