Здружението на граѓани Еко Логик од ноември 2018 година, во улога на координатор, започна со спроведување на проектот “Sustainability Advisors: Discussing the potential for new green jobs among young people in Europe”, финансиран од Еразмус+ Програмата преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
На 13ти и 14ти декември 2018 година во Скопје се одржа првиот транснационален состанок, во рамките на овој проект со партнерите InterAction од Австрија и Fundacja Instytut Innowacji од Полска и Здружението Хуманост од Македонија.
За време на состанокот од страна на Еко Логик беше претставена и дискутирана новата верифицирана посебна образовна програма за возрасни “Аналитичар на одржлив развој”. Партнерите од Австрија и Полска ги споделија добрите практики од нивните држави поврзани со оваа професија и со останатите т.н зелени работни места.