Silent

Хуманост e партнер на проектот SILENT, заедно со партнерските организации InterAktion, International Parents’ Alliance, Rightchallenge, Društvo učiteljev gluhih Slovenije, Center for Social Innovation – CSI.
Во склоп на SILENT проектот се креира флексибилна платформа за учење која им овозможува на сите членови на семејството самостојно да учат за глувоста, знаковните јазици и социјалната вклученост на самонасочен начин.
Во 5 модули, сите членови на семејството учат за се што е важно кога во него има дете со попречен слух.
Почнувајќи од тоа како функционира увото, комуникација со користење на знаковни јазици, справување со новата ситуација, социјална вклученост-како да се залагате за член од семејството кој има попречен слух, до тоа како да се направи сето ова учење заедно како семејство.
Овој едукативен материјал за целото семејство нуди поддршка, ја подига свеста за културата и предизвиците на лицата со оштетен слух и промовира социјална вклученост на истите.

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *