Сектор за социјална заштита – Sector for Social Protection

  1. Цел на давање на социјалните услуги

Целта за  давање на социјални услуги  е насочена кон поддршка во исполнувањето на секојдневните потреби  на  лица кои имаат потреба од оваа услуга, со цел да се подобри и одржува  квалитетот на живот и да се спречи или одложи сместувањето во институции. Помош и  нега  се обезбедува во случаи каде што поддршката од семејството е недоволна или потребна е  пружање на професионална нега  во согласност со утврдените индивидуалните потреби на  целните групи поради неспособност или намален функционален капацитет предизвикани од инвалидитет, болест, повреда и изнемоштеност и не се способни за самостојно живеење без дневна и редовни поддршка и нега . Помош и нега во домашни услови е предвидено да се пружи од страна на професионални и сертифицирани  работници со или без одредена поддршка од семејствата на корисниците.

  1. Приоритетни групи

Центрите и сервисите  за  давање на помош и нега се на располагање за возрасните лица, лица кои имаат намалени  физички и ментални способности, инвалидитет и поради истите тие не се во состојба самостојно да живеат, движат и грижат во своите домови, образовните институции, работните места и во заедницата без да имаат редовна нега, поддршка  и надзор.

  1. Спецификација на услугите

Услугите  треба редовно да  вклучуваат обезбедување на  професионална нега во извршувањето на секојдневните активности и лична нега за ранливите категории кои не се во можност да живеат самостојно. Професионалната нега треба во целост да ги задоволи потребите на оваа ранлива категорија на граѓани.

  1. Информации за социјалните услуги кон крајните корисници

Обезбедување на соодветни информации за потенцијалните корисници за содржината на  услугите и методи за нивно користење. Формите и методите на информации  се прилагодени на целната група, и вклучуваат информации за:

  • целната група за која се наменети услугите;
  • содржината на услугите;
  • постапките за користење на услугите;
  • цената на услугите;
  • работното време;
  • контакт адреси и телефони на давателот на услугата;
  1. Законски регулативи

Социјалната заштита е дејност од јавен интерес која се остварува преку, мерки, активности, програми и политики за заштита од социјални ризици, превенција и надминување на социјалните проблеми кои неповолно се одразуваат врз добросостојбата на граѓаните со цел:

– промовирање и одржување на социјалната сигурност на граѓаните;

– спречување на социјалната исклученост;

– подобрување на квалитетот на животот на граѓаните и

-зајакнување на капацитетите на граѓаните за водење независен, активен и продуктивен живот.

Социјални услуги, кои се обезбедуваат преку системот на социјалната заштита се:

  • услуги на информирање и упатување
  • услуги на стручна помош и поддршка
  • услуги на советување
  • услуги во домот
  • услуги во заедницата
  • услуги за вонсемејна заштита

Услуги во домот се услуги за обезбедување помош и нега во домот на лице со привремено или трајно намален функционален капацитет, со цел овозможување на лицето да продолжи да живее во сопствениот дом и превенција на потребата од вонсемејна заштита.  Услуги во домот се:

  1. Помош и нега во домот (нега во домот на стари лица, лица со дменција и Алцхајмерова болест)
  • За услуги кои ги нуди негувателот/ка за стари лица кликнете ТУКА
  • За услуги кои ги нуди асистентот за нега на лица со деменција -Алцхајмерова болест и интелектуална попреченост кликнете ТУКА

2.  Лична асистенција ( асистенција на лица со попреченост)

  • За услугата која ја нуди личниот асистент кликнете ТУКА

За повеќе информации пишете ни на електронската пошта servis@humanost.org.mk