Сектор за млади

Секторот за млади има за цел да ги вклучи младите лица во активности на Здружението Хуманост. Развивањето на секторот за млади започна од 2014 година  од позитивни примери од соработката со младите членови и поддржувачи на здружението. Хуманост како организација која работи со младите им нуди целосно вклучување на младит во активностите на здружението, можности за зедничко креирање на работни програми, проекти, обуки,  младински размени и трениг курсеви, поддршка на претриемачки идеи и идни активности кои ќе бидат промовирани или организирани.

Главната цел на овој сектор е градење на капацитетите на младите и нивно активно учество во работата на здружението.

    Главни активности на делување на секторот за млади се:
    • Учество на младите во Европските образовни програми и мобилност
    •  Потикнување на меѓугенерациската солидарност
    •  Едукативни програми за поддршка на претприемачки идеи и развој на социјално претприемништво
    • Потикнување на волонтерзимот кај младите
    • Партиципативност на младите во процесот на креирање на политики на локално и национално ниво од кои се директно засегнати
    •  Едукативни работилници за младински активизам, комуникација, ненасилство, раководење со проектен циклус, мултикултурализам, професионални вештини