Сектор за креирање на политики

Хуманост започнa да работи и во полето на креирање на политики за лицата во социјален ризик. Овој сектор ќе им овозможи на лицата кои се изложени на ризик од осиромашување и општествено исклучување да ги добијат потребните можности и ресурси за целосно учество во економскиот, општествениот и културниот живот и за уживање на стандардните услови за живеење и социјална сигурност кои се сметаат за нормални во општеството во кое живеат. Тоа ќе овозможи нивно поголемо учество во процесот на донесување на одлуки кои влијаат врз нивниот живот и пристапот до фундаменталните права.

    Главни активности за делување на секторот за креирање на политики се:
    •  Развој на потенцијалите на лицата во социјален ризик
    •  Aктивно учество во креирање на политики што директно влијаат на лицата во социјален ризик
    • Подготовка на локални планови за отварање на социјални сервиси за лицата во социјален ризик
    • Промовирање на активно стареење
    • Мобилноста и социјално вклучување на лицата во социјален ризик
    • Обезбедување на квалитетен и достоинствен живот на лицата во социјален ризик
    • Унапредување на социјалната и здраствената заштита со посебен фокус  за лицата во социјален ризик
    • Креирање на  локални и национални планови и програми за активно вклучување на лицата во социјален ризик во општеството
    • Пристап до соодветните образовни програми на лицата во социјален ризик