Реализирани Проекти
Поддршка поврзана со КОВИД-19 која се фокусира на старите лица
Социјално претприемништво Старт уп – “Social Entrepreneurship Start -Up” (SESU)
“Sustainability Advisors: Discussing the potential for new green jobs among young people in Europe”,
Mониторинг на акциски планови од локалните стратегии на општина Центар
Асистенти за нега на стари лица во домашни услови
Поддржано од
Здружението Хуманост во периодот од Април до Јули 2016 година, ќе ја спроведе обуката „Асистенти за нега на стари лица во домашни услови“ од верифицираната програма во Скопје. Обукатa е финасиски поддржана од општина Центар. 1o учесници , кој се дел од оваа обука ќе се стекнат со сертифицирани професионални вештини за нега на стари и изнемогнати лица во домашни услови.
Програмата е верифицирана од од страна на Цетарот за образование на возрасни со Решение број 09-218/4 и од страна на Министерството за образование и наука на Република Македонија со Решение број 11-6903/4.
Асиcтенти за нега на стари лица во домашни услови во Пехчево
Здружението Хуманост во периодот од Октомври до Декември 2015 година, ја спроведе обуката „Асистенти за нега на стари лица во домашни услови“ од верифицираната програма во Пехчево. Обукатa беше финасиски подджана од УНДП, дел од проектот „Одржливи вработувања 4“, програма општинско -корисна работа. 2o учесници од Пехчево и Берово, кои беа дел од оваа програма се стекнаа со професионални вештини за нега на стари лица во домашни услови.
Партнерски проект
Креирање на можности за работа за жртвите на семејно насилство во Скопје (Creating job opportunities for victims of domestic violence in Skopje )
Здружението Хуманост како партнер организација во проектот „Креирање на можности за работа за жртвите на семејно насилство во Скопје“ (Creating job opportunities for victims of domestic violence in Skopje ), ја спроведе активноста 2, односно четри-месечна обука за Асистенти за нега на стари лица во домашни услови. Обуката им овозможи на 10 учеснички, жртви на семејно насилство да се стекнат со професионално знаење за нега на стари лица во домашни услови. Обуката се спроведе од страна на професионални обочувачи од Хуманост.
Проектот на Х.Е.Р.А е финасиски поддржан од Амбасадата на САД во Македонија.
“Исполнети и среќни”
Здружението Хуманост од месец Март 2012 година, го реализираше проектот: „Исполнети и среќни“. Проектот се состоеше од посета на театарски престави во Драмски театар, рекреативни излети во Скопје. Предвидени беа по две активности во месецот. Со групата на корисници на услугите од Домовите за стари лица за време на сите претстави и излети е беше обезбедена и придружба на стручно медицинско лице и придружба од 2 лица од здружението Хуманост.
Главаната цел на овој проект беше намалување на социјалната изолираност на старите лица сместени во установите и нивна зголемена социјализација со што и делумно влијаевме за исполнување и на стратешката цел под ред број 3 во Националната Стратегија за стари лица 2010-2019 –Интеграција на старите лица во општествениот живот со реализација на мерките 3.3.3 Зголемување на достапноста до културните настани за старите лица и мерката 3.3.8 Поттикнување на воведување и спроведување на програми за активно користење на слободното време во која Хуманост активно учествуваше при изработката со свои предлози и иницијативи. Овој проект беше со поддршката на Град Скопје и Драмски театар Скопје.
“Да не ги заборавиме и тие се дел од нашиот живот”
Здружението Хуманост од јануари 2012 до декември 2013 година го реализира проектот “Да не ги заборавиме и тие се дел од нашиот живот” Со овој проект беше формиран фонд, кој беше наменет за организирање на бесплатен сервис за давање помош во домашни услови на старите и изнемоштени лица. Опфатеноста на бројот на корисници зависеше од собраните финансиски средства од донаторските броеви на Т-мобиле и Вип.
Асистенти за грижа на стари лица
Во рамки на тековниот твининг проект на Европската Унија кој има за цел да ги развие мисиите и компетенциите на Центарот за образование на возрасни, Здружението Хуманост беше избрано за имплементација на Пилот програмата: Асистенти за грижа на стари лица.
Пилот програмата имаше за цел да изгради концепт на обука и сертифицирање на вештини кои ќе водат кон доделување на сертификат за асистент за грижа на стари лица.
За таа цел обуката за негуватели за грижа на стари и немоќни лица опфаќаше 6 модули и тоа:
- Одржување на домот
- Поддршка за извршување на секојдневните активности
- Ергономски принципи
- Заштита на старите лица
- Психо-социјална поддршка
- Задачи од медицински аспект
Здружението Хуманост беше под техничко водство и менторство од страна на француски експерт во однос на дизајнирањето на обуката. Во однос на методолошкиот пристап, обуката содржеше комбинација на теорија и пракса како и период поминат на обука на работно место.
„Сеопфатно истражување и анализа на потребите за форми на згрижување на стари лица во град Скопје“
Здружението Хуамност со финансиска поддршка на Град Скопје, во период од 6 месеци го реализираше проектот „Сеопфатно истражување и анализа на потребите за форми на згрижување на стари лица во град Скопје“, со што би се подобрил квалитетот на живот на старите лица преку предлагање на форми за социјална заштита, кои ќе нудат услуги соодветни на потребите на старите лица.
Со истражувањето бea опфатени 996 стари лица над 65 години во општините со висок процент на старо население во град Скопје и тоа на подрачјето на Општините: Центар, Карпош, Кисела Вода, Аеродром, Ѓорче Петров, Гази Баба, Чаир и Бутел.
„Големи и мали“
Здружението Хуманост од од јануари 2010 до декември 2010 го реализираше проектот „ГОЛЕМИ И МАЛИ“ со финансиска поддршка од Холандска амбасада!!!
Проектот се реализираше со времетраење од една година, во детските градинки „Снежана“ (општина Чаир) и „25 Мај“ (општина Гази Баба). Проектот „Големи и Мали“ беше наменет за децата од големите групи и 60 стари лица над 65 години. Два пати во месецот се одржуваа креативни и тематски работилници кои беа во согласност со планот и програмата на градинките и ги покриваат темите од секојдневниот живот на децата и возрасните. Целта на овој проект беше негувањето на традиционалните и морални вредности и зајакнување на социјалните врски помеѓу децата и старите лица. Проектот беше реализиран од страна на професионалниот тим на Здружението „Хуманост“.
“Да го направиме Јосифово подобро место за живеење”
Со проектот беа предвидени две активности во месецот, бесплатни акции (проверување на крвна слика, шеќер во крвта, витамини и минерали ), како и предавање од стручно лице (доктор, социјален работник, NLP практикант) на различни теми кои се значајни за населението и кои ќе доведат до подобрување на културно-општествениот живот во Јосифово. Проектот се реализираше шест месеци и заврши во jули 2010 година.
Проектот е поддржан од:
„Сервис за давање помош во домашни услови“
Започна со реализација Април 2009 година заврши во Септември 2009 година
Сервисот за давање помош во домашни услови претставува вонинституционален облик на социјална заштита, насочен кон обезбедување на услуги во домовите на старите лица на кои им е потребна континуирана психо-социјална и медецинска нега.
Основна цел е обезбедување на помош и подршка на лицата кои поради старост или тешко заболување не се во состојба да се грижат за себе и не можат самостојно да ги задоволат своите животни потреби, а немаат никој кој би можел да им помогне во тоа.
Корисници на сервисот за нега во домашни услови беа стари лица над 65 години, лица во терминален стадиум на болеста и нивните семејства.
Сервисот го опслужуваа тим од доктори, медецински сестри, негователки(геронто-домаќинки), физиотерапевти, социјален работник и психолог.
Негователките геронто-домаќинките и социјалниот работник работеа од понеделник до петок по осум часа на ден.
Докторите,медецинските сестри, физиотерапевтите и психологот работеа пет дена во неделата по два часа.
Услугите на сервисот беа бесплатни за корисниците!
Сервисот започна со својата работа на 13.04.2009 година на подрачјето на општина Аеродром во Скопје и заврши со своите активности во месец Септември 2009 година.
Проектот беше во соработка со Домот за стари лица Терзиева, Министерството за труд и социјална политика, Заводот за социјални дејности и поддржан од:
- Граѓанскиот бизнис сектор: (Бауерфеинд, АД Европа, Ц-транс)
- Телевизиски медиуми (МТВ, АЛФА, МТМ, SKY NET, K-15, ALSAT-M).
ДА НЕ ГИ ЗАБОРАВИМЕ И ТИЕ СЕ ДЕЛ ОД НАШИОТ ЖИВОТ!!!
Соопштение за проектот “Сервис за давање на помош во домашни услови” реализиран од Здружението за унапредување на условите за грижа и сместувањето на стари и изнемоштени лица
Здравјето е најважен атрибут во животот на човекот и основен услов за извршување на секојдневните активности, работните задачи и среќен живот.
Ве известуваме дека на подрачјето Скопје, општина Аеродром од 13.04.2009 година, почна да се реализира проектот “Сервис за давање на помош во домашни услови”, наменет за стари лица над 65 години, лица во терминален стадиум на болеста и нивните семејства.
Заради зголемување на должината на здрав живот на старите лица над 65 години, сервисот за давање на помош во домашни услови е насочен кон оптимално задоволување на основните животни потреби на старите лица.
Сервисот го сочинува професионален тим составен од десет негователки (геронто-домакинќи), два доктори, две медецински сестри, два физиотерапевти,еден психолог и еден социјален работник.
Услугите и негата што ги пружа сервисот се бесплатни!!!
За понатамошна одржливост како и за проширување на бројот на корисници е неопходна ХУМАНОСТА која може да се дава преку броевите:
Vip 077/143-434
T-mobile 070/143-434
Соопштение
Невладината организација „Хуманост“ Скопје и приватниот дом за стари лица „Терзиева“ Скопје во соработка со центарот за социјални грижи при Министерството за труд и социјална политика, подготвува пилот проект во траење од една година за нега на стари лица и лица во терминална фаза во домашни услови.
Цел на проектот:
-
- Проектот опфаќа 30 лица од општина Аеродром по случаен избор на возраст над 65 години.
- Во зависност од потребата овие лица ќе бидат посетени од стручен тим составен од: доктори, медицински сестри, психолог, социјален работник, физиотерапевти и негуватели.
- Работата на оваа група ќе биде под ревизија на центарот за социјални грижи.
- Услугата на избраните лица е БЕСПЛАТНА.
- За остварување на овој проект Министерството за труд и социјална политика даде посебна дозвола.
- Почетокот на проектот е планиран за 15.02.2009 год.
информации на тел: 2401-712 и 078/ 306-669 или во
П.З.У.Геримедикал Скопје ул.Владимир Комаров б.б.
![]() |
![]() |
Поддржувачи на проектот