ГАП АНАЛИЗА НА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА МЛАДИ 2016-2025

Идејата за оваа анализа на состојбата на потребите на младите во Република Македонија (РМ) е создадена како дел од проектните активности во рамките на реализацијата на проектот “Инклузивен пазар на труд за одржлив развој на заедницата“.

Почетна информативна матрица на оваа проектна активност е всушност анализата на Националната стратегија на млади (НСМ) 2016-20252 и нејзиниот ран импакт (2016-2017) во реализација на целите и резулатите. Со оглед на тоа дека Националната стратегија за млади 2016-2025 е документ со кој се прават важни системски и структурни промени во едно општество значајно е да се нагласи дека истата се надоврзува на последната Национална стратегија за млади 2005-2015. Одредени сегменти и позитивни резулати со оваа стратегија се продлабочуваат и се додаваат дополнителни содржини кои се релевантни во подрачјата карактеристични за потребите на младите во современите општества, но секако пред се усогласувајќи ги реалните и постојните проблеми кои ги имаше во имплементацијата на стратегијата од 2005-2015.

Превземи: Гап Анализа -стратегија млади