Програма

ПРОГРАМА за работа на Здружението ХУМАНОСТ за период 2016-2020 година.

Здружението ХУМАНОСТ за периодот 2016-2020 година ги има дефинирано следниве цели и активности:

Цел 1. Развивање на формите на вонинституционалнa социјална заштита на стари и изнемогнати лица.

  • 1.1. Сервиси за нега во домашни услови.
  • 1.2. Отварање на Дневен центар за стари лица.

Цел 2. Едукација на негуватели/ки за нега на стари лица .

  • 2.1. Обуки за сертифицирање на негуватели/ки за стари лица според верифицирана посебна програма за образование на возрасни
  • 2.2. Развивање и верифицирање на нови програми за Геронтологија

Цел 3 Едукација на лични асистенти на лица со попреченост

  • 3.1 Обуки за лични асистенти на лица за попреченост според верифицирана посебна програма за образование на возрасни
  • 3.2 Развивање на посебни порограми за лица со попреченост и лица со други видови на интелектуална попреченост

Цел 4. Обуки за лицата во социјален ризик

  • 4.1 Организирање на обуки за первенција на лицата во социјален ризик
  • 4.2 Обуки за потикнување на активно граѓанско учество
  • 4.4 Обуки за стекнување на животни вештини, вработување и застапување

Цел 5. Креирање на политики за лицата во социјален ризик

  • 5.1. Развој на потенцијалите на лицата во социјален ризик
  • 5.2. Aктивно учество во креирање на политики што директно влијаат на лицата во социјален ризик
  • 5.3. Подготовка на локални планови за отварање на социјални сервиси за лицата во социјален ризик
  • 5.4. Промовирање на активно стареење
  • 5.5. Мобилноста и социјално вклучување на лицата во социјален ризик
  • 5.6. Обезбедување на квалитетен и достоинствен живот на лицата во социјален ризик
  • 5.7. Унапредување на социјалната и здраствената заштита со посебен фокус  за лицата во социјален ризик
  • 5.8. Креирање на  локални и национални планови и програми за активно вклучување на лицата во социјален ризик во општеството
  • 5.9. Пристап до соодветните образовни програми на лицата во социјален ризик

Цел 6. Јакнење на капацитетите на младите

  • 6.1. Учество на младите во Европските образовни програми и мобилност
  • 6.2. Потикнување на меѓугенерациската солидарност
  • 6.3. Едукативни програми за поддршка на претприемачки идеи и развој на социјално претприемништво
  • 6.4. Потикнување на волонтерзимот кај младите
  • 6.5. Партиципативност на младите во процесот на креирање на политики на локално и национално ниво од кои се директно засегнати
  • 6.6. Едукативни работилници за младински активизам, комуникација, ненасилство, раководење со проектен циклус, мултикултурализам, професионални вештини

Цел 7. Промовирање на социјално претприемништво

  • 7.1. Промовирање на социјалното претприемништо
  • 7.2. Разивање на нови претриемачки идеи и потикнување на претприемачкиот дух кај членовите на Хуманост
  • 7.3. Отварање на социјално претпријатие за нега на стари лица во домашни услови


Цел 8. Вмрежување на Хуманост

  • 8.1. Тековни активности со секретаријатот на МППС
  • 8.2. Зачленување во Европската платформа за стари лица (Age Platform).
  • 8.3. Формирање на неформална мрежа за старите лица.
  • 8.4. Остварување на партнерства со национални и меѓународни невладини организации.
  • 8.5. Формирање на платформа за поддршка на младите претприемачи