Оглас за пријавување за обука
Здружението Хуманост објавува оглас за пријавување за “Обука за Асистент за грижа на стари лица во домашни услови”.
Информации за обукатa
Времетраење: 4 месеци за 6 модули (теорија 210 часа или 35 дена, пракса 180 часа или 30 дена и обука на работно место 90 часа или 15 дена)
* По завршување на обуката учесниците ќе добијат сертификат за посетување на обуката- Асистен за грижа на стари лица во домашни услови.
* Обуката е бесплатна
Цел и програма за обука
Целта на обуката е стекнување на професионални вештини за грижа за стари лица и нивно сертифицирање.
Програмата се состои од 6 модули (преку теоретски, практичен дел и обука на работно место)
Модул 1: Одржување на домот
Модул 2: Поддршка за извршување на секојдневните активности
Модул 3: Ергономски принципи
Модул 4: Заштита на старите лица
Модул 5: Психо-социјална поддршка
Модул 6: Задачи од медицински аспект
Програмата „Аситенти за грижа на стари лица во домашни услови“ е верифицирна од страна на Министерството за образование и наука и Центарот за образование на возрасни.
Кандидатките треба да ги исполнуваат следните општи услови:
- Завршено основнo или средно образование
- лицата да се активни баратели на работа подолго од една година
- Изградени комуникациски способности
- Државјанин на Република Македонија
За работното место предност ќе имаат кандидатки кои:
- Имаат искуство во иста или слична дејност
- Се ведри и позитивни личности
Заинтересираните кандидати треба да достават кратка биографија на следнава е-маил адреса edukacija@humanost.org.mk или доколку имате дополнителни прашања јавете се на 077/963-672.
Рок за аплицирање за обуката 28.03.2016
Ве молиме во апликацијата да наведете телефон за контакт и e-mail адреса.
Документите со назнака/предмет на пораката Асистенти за нега на стари лица во домашни услови.
Во рок од 3 дена од завршувањето на огласот, кандидатките кои најдобро одговараат на критериумите дадени погоре ќе бидат повикани на интервју.
_______________________________________________________________________
Програмата „Асистенти за грижа на стари лица во домашни услови“ на Хуманост е верифицирна од страна на Министерството за образование и наука со решение број 11-6903/4 и Центарот за образование на возрасни со решение број 09-218/4