Хуманост - На почетна
Хуманост - Грижа и сместување на стари и изнемогнати лица

Добредојдовте

Постоењето на Здружение за унапредување на условите за грижа и сместување на стари и изнемогнати лица „ХУМАНОСТ“ е иницирано од група граѓани, сегашни членови на Здружението, врз основа на идентичноста на нивните уверувања и хуманитарни погледи во однос на постоењето на потребата за унапредување на условите и можностите за остварување на грижа за стари и изнемогнати лица на територијата на град Скопје и пошироко во Земјата.


  • Телефонски број за донирање на VIP: 077 143 434 и на T-Mobile: 070 143 434
  • Жиро сметки за донации
    - НЛБ Тутунска Банка: 210-0526050701-44
    - УНИ Банка: 240-0100018744-08
    - ИК Банка: 270052605070151

Хуманост на социјални мрежи

Youtube Facebook
Partneri i donatori

Цели и задачи

  • Работење врз унапредување на формите на остварување на грижата кон стари и изнемогнати лица со отварање на Центар за давање нега во домашни услови и помош на нивните семејства, грижа, помош и давање нега во домашни услови на лица во терминална фаза од својот живот палијативна нега, за нив и нивните семејства.
  • Унапредување на условите за грижата и лекувањето на лица со зависности односно пронаоѓање институции за нивно прифаќање и давање соодветна терапија и нивно адекватно и соодветно лекување и третман и доколку се јави потреба за отварање на Центар за нега и помош на лица со зависности.

Програма

  Здружението ќе ги остварува своите цели и задачи преку:

  1. Постојано следење на состојбата на условите за грижата кон стари и изнемогнати лица по пат на анкетирање и прибирање податоци на граѓаните и соодветните институции ангажирани во работата на оваа проблематика.
  2.  Изготвување на анализа за конкретниот начин за унапредување на условите за грижата кон стари и изнемогнати лица, а тоа по пат на ангажирање на стручни лица од областа на остварувањето на грижата кон стари и изнемогнати лица врз основа на која анализа ќе се изготви план во кој ќе се предвидат конкретни форми на унапредување на условите за грижата кон стари и изнемогнати лица.
  3. Целосно и објективно информирање на јавноста за состојбата на условите за грижата кон стари и изнемогнати лица, а тоа по пат на учество во емисии на електронските медиуми и по пат на објавување на написи во печатените медиуми.
  4. Превземање на соодветни активности пред органите надлежни за нормативно регулирање на прашањето на создавање на условите за грижата кон стари и изнемогнати лица, а тоа по пат на давање на соодветни предлози за промена на постоечката регулатива или за донесување на нова.
  5. Прибирање на материјални средства за остварување на напред наведените активности и за конкретни акции за подобрување на условите и грижата кон стари и изнемогнати лица, преку организирање на разни акции за прибирање на материјални средства по пат на доброволни прилози.
  6. Доделување на материјална помош на институции и субјекти кои конкретно се занимаваат со остварувањето на грижата кон стари и изнемогнати лица.

 

Новости

На 17.06.2010 год. во емисијата “До пладне” на SKY NET TV, Програмскиот директор на Хуманост Сашко Јованов го промовираше проектот " Да го направиме Јосифово подобро место за живеење" како и отварањето канцеларија на Хуманост во Јосифово.

nov9

На 02.06.2010 год. во емисијата Колосек на МТМ ТВ. Програмскиот директор Сашко Јованов го промовираше проектот " Да го направиме Јосифово подобро место за живеење" и потпишувањето на меморандум за соработка со повеќе невладини организации во Р.Македонија.

nov9

На 05.06.2010 год. по иницијатива од страна на Општина Виница беше одржан информативно-работен состанок на кои што присутни беа претставници од самата оштина како и претставници од повеќе здруженија на граѓани кои што активно функционират во Виница.На овој состанок беше презентирано стекнатото позитивното искуство со реализација на проектот "Сервис за давање помош во домашни услови" од страна на Хуманост како и другите форми на вонинституционална заштита и идна соработка на Хуманост со здружениата на граѓани од Општина Виница.

На 21.12.2009 во емисијата Добро утро Македонијо со Сузана Апостолова на МТВ Програмскиот Директор Сашко Јованов и Административниот соработник Ивана Стојановска го промовираа новиот проект Големи и мали финансиран од Холандска амбасада како и меѓународните соработки со организации од В.Британија, Финска и Ирска.

На 18.12.2009 год. во емисијата Колосек сос Митко Симеонов на МТМ ТВ. Програмскиот Директор Сашко Јованов го промовираше новиот проект ГОЛЕМИ И МАЛИ финансиран од Холандска амбасада и започнувањето со реализација на истиот од Јануари 2010 год.

nov9

На04.12.2009 во емисијата Колосек со Митко Симеонов на МТМ ТВ. гостуваше Програмскиот Директор на НВО Хуманост каде што се збореше за ‘’Сервисот за давање нега во домашни услови’’, активностите што ги превзема здружението во овој период како и за оформувањето на платформата и задачите што следуваат со оформувањето на истата.

nov8

На 02.12.2009 по иницијатива на НВО Хуманост во просториите во Даре Џамбаз беше одржана средба и потпишани меморандуми за соработка со:

  • Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија
  • Сојуз на телесно инвалидизираните лица на Македонија
  • Здружение на ветераните и резервистите од одбраната и безбедноста на Македонија
  • Центар за истаржување и креирање на политики
  • Црвен крст-Кисела Вода

Целта на оваа средба беше формирање на платформа на здруженија на граѓани кои целна група им се старите лица со следниве задачи:

  1. Заедничко лобирање за донесување на законските регулативи за старите лица.
  2. Заедничка борба за почитување на правата на старите лица , третирање на проблемите кои се однесуваат на истите.
  3. Зедничко изнаоѓање на начините за финансирање на сервисите за нега во домашни услови.
  4. Отварање на дневни центри и нивно финансирање.
  5. Идно заедничко учество на проекти за користење на IPPA-фондовите.
  6. Проширување на капацитетите за инстуционална заштита на стари лица

nov7

Од 15.11.09 до 20.11.09 беше одбележана Неделата за грижа на старите лица во соработка со Црвен крст-Кисела Вода каде што Хуманост во Општините Аеродром и Кисела Вода со донација од фирмите AWT INTERNACIONAL ( пакети за лична хигиена ) и Алкалоид (пакети чаеви)им ги доделе на старите лица кои ги посетија пензионерските клубови во овие Општини

nov6

Во Ноември 2009 год. беше потпишан меморандум за соработка помеѓу НВО Хуманост,НВО Мултикултура Тетово и Општина Тетово за спроведување на “Сервисот за давање нега во домашни услови” во Општина Тетово. Меморандуми за соработка како и идно проширување на “Сервисот за давање на нега во домашни услови “ беше потпишан и со Општините Чаир и Гази Баба.

nov2

На 30.10.2009 год. беше одржано Собрание на НВО Хуманост каде што беа примени новите членови во Здружението, промена во организациската структура и усвоена годишната програма на Здружението за 2010 год.

Во месец Окомври беа организирани регионални средби кои што ги реализираше Центарот за истражување и креирање на политики каде што НВО Хуманост го сподели искуствотосо присутните претставници на општините и невладините организации каде што беше претстваен и документарниот филм изработен од ЦИКП и запознавање на сите Општини во Р.Македонија за потребата од домашна нега, отварањето на Сервиси и Центри за давање на помош вo домашни услови на локално ниво како и нивно финансирање.

nov2

На 19.11.2009 год. Програмскиот Директор на Хуманост Сашко Јованов даде изјава за емисијата “Рано ден” на А1 телевизија даде каде што се збореше за активностите преземени од страна на НВО Хуманост за Недела на гриза на стари лица во соработка со Црвен крст –Кисела вода

На 17.11.2009 изјава за емисијата “Ходници “на А1 телевизија даде Програмскиот Директор на Хуманост Сашко Јованов каде што беше потенцирана работата на Сервисот како и колку од Општините се заинетресирани за воведувањето на Срвисот како и потребата од добро организирана домашна нега по префрлување на пациентите на лекување во домашни услови со воведување реформа во здраството Дијагностичко сродни групи.

На 26.11.2009 во емисијата “До пладне” со Весна Апасиева на SKY NET TV, гостуваа Програмскиот Директор на Хуманост Сашко Јованов и Ристе Змејковски од Центарот за истражување и креирање на политики., каде што се зборуваше за потребата од добро организирана домашна нега со воведување на Дијагностичко сродните групи во здравството.

nov3
nov2

На 06.10.2009 во емисијата “До Пладне” со Весна Апасиева на SKY NET TV. гостуваа Асистент координаторот Сашко Јованов и Соработникот за односи со јавноста Ивана Стојановска, во емисијата беше укажано за постигнатите резултати од пилот проектот “Сервис за давање нега во домашни услови” во Општина Аеродром

На 22.10.2009 год. Во емисијата ’’ Нешто убаво’’, со Марија Саздова на Сител ТВ гостуваше асистент координаторот Сашко Јованов и Елена Крстеска корисник на Сервисот во Општина Аеродром на 82 год. возраст со цел да ја искаже својата благодарност до Хуманост и подигнувањето на сликата добиена на поклон од редовен гледач на емисијата ‘Нешто убаво’.

На 17.09.2009 год. во емисијата ‘’ НЕШТО УБАВО’’СО Марија Саздова на Сител ТВ гостуваа проект координаторот на проектот ‘’Сервис за давање нега во домашни услови’’ Мери Терзиева Павловска , асистент координаторот Сашко Јованов , Соработник за односи со јавноста за Општина Аеродром Ивана Стојановска и Соработникот за односи со јавноста за Општина Чаир Лаура Невзати се со цел да се потенцира хуманоста и потребата од финансиска поддршка за Сервисот за нега во домашни услови.

Почнувајќи од 08.08.2009 година секој петок во емесијата „Добро утро Македонијо“ на МТВ, започна медумската кампања за потребата од вонинституционална социјална заштита и од Сервисот за давање помош во домашни услови, по еметувањето на секоја емисија заинтерисираноста на граѓаните стануваше се поголема за воведување на Сервисот и во нивните Општини. нов1

Неопходноста од хуманоста за проширување на проектот и во другите општини, ја потенцираа Асистентот на координаторот на проектот Сашко Јованов и Соработникот за односи со јавноста Ивана Стојановска на ден 24.07.2009 година во утринската емисија „Добро Утро Македонијо“ на Радио Скопје.

Новост 1 Новост 1Новост 1

Во емисијата „Добро Утро Македонијо“ на МТВ на 03.08.2009 година гостуваа Асистент на координаторот на проектот Сашко Јованов и Соработник за односи со јавноста Ивана Стојановска. Во емисијата беше укажана на подршката од страна на градоначалникот на Општина Чаир за спроведување на проектот и во Општина Чаир.

Во емисијата „Здраво Македонијо“ на Kанал5 телевизија на 09.07.2009 година гостуваа асистентот на координаторот на проектот Сашко Јованов и соработникот за односи со јавноста Ивана Стојановска. Целта на гостувањето е апелирање до сите граѓани, подржувачи на овој хуманитарен проект да донираат за понатамошна и проширена мрежа на корисници.

Новост 1 Новост 1Новост 1

Во емисијата „Рано ден“ на А1 Телевизија, на 02.07.2009 година изјави дадоа Социјалниот работник од Сервис за давање нега во домашни услови Јана Поповска, психологот Георгиевска Магдалена и д-р Билјана Јанчева. Социјалниот работник ја истакна неопходноста од неговата улога за утврдување на специфичните потреби од социјална заштита на секој корисник.

Новост 1 Новост 1Новост 1

Со цел запознавање на граѓаните за хуманитарниот проект,како и за неопходното донирање на телефонските броеви 077/143-444 070/143-434, на 26.06.2009 година во емисијата „Портик“ на Алфа Телевизија гостуваа асистентот на координаторот на проектот Сашко Јованов и соработникот за односи со јавноста Ивана Стојановска.

На 19.06.2009 година во емисијата „Добро утро Македонијо“ на МТВ1 гостуваа координаторот на проектот „Сервис за давање нега во домашни услови“, г-ѓа Мери Терзиева и д-р Билјана Јанчева. Целта на гостувањето е информирање за потребата од Сервисот и услугите што ги нуди самиот сервис составен од доктори, медецински сестри, физиотерапевти, негувателки, социјален работник и психологот.

Новост 1 Новост 1

На 08.04.2009, 09.04.2009, 10.04.2009 година беа одржани обуките за негователки (геронто-домаќинки) за работа во центар за давање помош во домашни услови. Обуката беше спроведена од страна на ЈУ Заводот за социјална дејност, за потребите на Здружение за унапредување на условите за грижа и сместување на стари лица "Хуманост"- Скопје.

Новост 2 Новост 2

На ден 11.04.2009 година беше одржана обука на стручните кадри. Предавањето беше спроведено од страна на ЈУ Завод за социјална дејност, за потребите на НВО Хуманост.
Теми на предавањето:
1. Воспоставување на контакт старо лице-семејство
-Проценка на потребите на старо лице-семејство
-Подршка на старо лице од семејство
-Проценка на потреби и социјални услуги
-План за работа
-Извештај за остварени активности
-Мониторинг и евалуација
2.Тимска работа
-Комуникација

Беше одржана и промоција на проектот Сервис за давање помош во домашни услови реализиран од страна на НВО Хуманост.


Новост 1 Новост 1

На 04.04.2009 година беше одржана обука на стручните кадри организирана и координирана од страна на ЈУ Заводот за социјални дејности, за потребите на Здружението за унапредување на условите за грижа и сместување на стари лица "Хуманост" Скопје.
Теми на предавањето:
1.Системот на заштита на стари лица во Р.Македонија
2.Промените кај старите лица и форми на вонинституционална заштита:
-дневен центар за стари лица
-центар за давање помош во домашни услови


Проекти

Постоењето на Здружение за унапредување на условите за грижа и сместување на стари и изнемогнати лица „ХУМАНОСТ“ е иницирано од група граѓани, сегашни членови на Здружението, врз основа на идентичноста на нивните уверувања и хуманитарни погледи во однос на постоењето на потребата за унапредување на условите и можностите за остварување на грижа за стари и изнемогнати лица на територијата на град Скопје и пошироко во Земјата.


Тековни проекти:

„Големи и мали“

Здружението за унапредување на условите за грижа и сместување на стари и изнемогнати лица ‘’ХУМАНОСТ’’ од Скопје, од Јануари 2010 ќе започне со реализација на проектот ‘’ГОЛЕМИ И МАЛИ’’ со финансиска поддршка од Холандска амбасада!!!

Проектот е подржан од:
Bauer

Проектот ќе се реализира со времетраење од една година, во детските градинки ‘’Снежана’’ (општина Чаир) и ‘’25 Мај’’ (општина Гази Баба). Проектот ‘’Големи и Мали’’ е наменет за децата од големите групи и 60 стари лица над 65 години. Два пати во месецот ќе се одржуваат креативни и тематски работилници кои се во согласност со планот и програмата на градинките и ги покриваат темите од секојдневниот живот на децата и возрасните. Целта на овој проект е негување на традиционалните и морални вредности и зајакнување на социјалните врски помеѓу децата и старите лица. Проектот ќе биде реализиран од професионалниот тим на НВО ‘’Хуманост’’


Реализирани проекти:

Проектот е подржан од:
Гери Медикал

"Да го направиме Јосифово подобро место за живеење"

Со проектот се предвидени две активности во месецот, бесплатни акции (проверување на крвна слика, шеќер во крвта, витамини и минерали ), како и предавање од стручно лице ( доктор, социјален работник, NLP практикант) на различни теми кои се значајни за населението и кои ќе доведат до подобрување на културно-општествениот живот во Јосифово.Проектот ќе се реализира шест месеци и завршува во Јули 2010 година.


Проектот е подржан од:
Bauer

„Сервис за давање помош во домашни услови“

Започна со реализација Април 2009 година заврши во Септември 2009 година

Сервисот за давање помош во домашни услови претставува вонинституционален облик на социјална заштита, насочен кон обезбедување на услуги во домовите на старите лица на кои им е потребна континуирана психо-социјална и медецинска нега.

Основна цел е обезбедување на помош и подршка на лицата кои поради старост или тешко заболување не се во состојба да се грижат за себе и не можат самостојно да ги задоволат своите животни потреби, а немаат никој кој би можел да им помогне во тоа.

Корисници на сервисот за нега во домашни услови беа стари лица над 65 години, лица во терминален стадиум на болеста и нивните семејства.

Сервисот го опслужуваа тим од доктори, медецински сестри, негователки(геронто-домаќинки), физиотерапевти, социјален работник и психолог.

Негователките геронто-домаќинките и социјалниот работник работеа од понеделник до петок по осум часа на ден.

Докторите,медецинските сестри, физиотерапевтите и психологот работеа пет дена во неделата по два часа.

Услугите на сервисот беа бесплатни за корисниците!

Сервисот започна со својата работа на 13.04.2009 година на подрачјето на општина Аеродром во Скопје и заврши со своите активности во месец Септември 2009 година.

Проектот беше во соработка со Домот за стари лица Терзиева, Министерството за труд и социјална политика, Заводот за социјални дејности и поддржан од:

  • Граѓанскиот бизнис сектор: (Бауерфеинд, АД Европа, Ц-транс)
  • Телевизиски медиуми (МТВ, АЛФА, МТМ, SKY NET, K-15, ALSAT-M).

ДА НЕ ГИ ЗАБОРАВИМЕ И ТИЕ СЕ ДЕЛ ОД НАШИОТ ЖИВОТ!!!



Донирај

Картички

Износ на донацијата:

ден. (пример 100,00)

Име:

Презиме:

Адреса:

Град:

Поштенски број:

Држава:

Телефон:

E-mail:

 

Секое старо лице има право...

Со него да се постапува како со личност на која и се почитуваат основните човекови права.

Со него да се постапува како со жив човек.

На независност, односно до достапност до соодветна здрава храна, чиста вода, сместување, облека и осигурување за здравствена заштита.

На семејна подршка и подршка од заедницата.

Само да одлучува за постапките кои ги превзема, се додека е во можност да се грижи сам за себе.

На живот во сигурна средина, која може да се прилагоди на личните потреби и променети способности.

Да живее во сопствениот дом се додека неговата функционалност тоа му го овозможува.

Да биде општествено активно, односно да учествува во креирањето на политиката, што директно влијае на неговата благосостојба, или да се организира и да членува во одредени движења или заедници.

На непречен пристап кон социјалните и законодавните служби поради подобрување на самостојноста, заштитата и грижата.

Користење на соодветни видови на институционална и вонинституционална грижа.

Со него да се постапува без да се врши дискриминација на неговата личност по било кој основ, возраст, пол, раса, етничка припадност, инвалидност и др.

Да биде почитувано независно од неговиот економски придонес.

На надеж и нега, од оние кои можат да ја дадат.

На негова лична заштита и заштита на неговото семејство.

ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ!!!

ДА ДОНИРАМЕ НА БРОЕВИТЕ 070/143-434 и 077/143-444!!!

НИКОГАШ НЕ Е ДОЦНА ДА СЕ БИДЕ ХУМАН!!!



* Преземено од Заводот за социјални дејности *

Како да ни помогнете на нас старите?

-Јас сум старо и (изнемоштено) лице...

  • Немој да ме избегнуваш. Сакам да ме сакаш и да ми бидеш пријател каков што си бил отсекогаш.
  • Ако сакаш да направиш нешто за мене, понекогаш е доволно да знам дека можам да се потпрам на тебе и дека постоиш.
  • Смеј се и плачи со мене. Немој да се плашиш да ги споделиш твоите емоции со мене.
  • Извести ме пред  да ме посетиш, но немој да се плашиш да ме посетиш. Немој да претпоставуваш дека староста и изнемоштеноста бараат мирување и изолираност. Напротив потребeн си ми, затоа што сум сам и ми е потребна комуникација.
  • Допри ме. Едноставен допир на подршка или стисок со рака може да ми покаже колку се грижиш за мене и колку ти ззначам. Така нема да се чувствувам осамен.
  • Погрижи се за мене, и кога живеам сам и кога живеам со други. И на оние кои се грижат за мене им е потребно слободно време, време за себе и време за нивните обврски.
  • Изнеси ме надвор од домот, придружувај ме на прошетка. Потребна ми е разонода, но внимавај колку можам да поднесам.
  • Донеси ми мали подароци и цвеќе.
  • Зборувај со мене за вистинскиот живот , животот во кој јас живеам, животот во кој ти живееш.  Така ќе останам вклучен во се она што се случува.
  • Помогни ми да се чувствувам убаво во однос на мојот изглед.
  • Донеси ми позитивни ставови и мислења. На мене ми се потребни. Тоа ме исполнува.
  • Запомни дека без разлика на тоа како изгледам и како се чувствувам јас сум сеуште јас.

ЈАС СУМ ЛИЧНОСТ!



* Преземено од Заводот за социјални дејности *

Контакт

Адреса:
ул. Владимир Комаров б.б.
1000 Скопје, Република Македонија


Телефони:
02/ 2455-277 и 077/ 963-672


E-mail: contact@humanost.org.mk


Локација:
Локација на Хуманост


Партнери

Општини со кои што имаме потпишано меморандум за соработка и поддршка на ”Сервисот за давање нега во домашни услови”
opstini


Медиумски покровители!
mediumi


Фирми подржувачи на пилот проектот “ Сервис за давање помош во домашни услови”!
firmi


Проектот “Големи и мали” е финасиран од:
holandska

Фотогалерија

Фотографии од проектот „Големи и мали






















Фотографии од проектот „Да го направиме Јосифово подобро место за живеење"