Социјално претпријатие ХуманаС

Опис на социјалното претпријатие:

Нашето претпријатие ХуманаС е дел од социјалното претприемништво кое подразбира решавање на одредени недостатоци во општеството преку употреба на методи за правење на профит, кој подоцна ќе биде реинвестиран во бизнисот и во спроведувањето на активности со социјална бенефит. Нашето социјално претпријатие  ХуманаС претставува сервис за нега на стари лица во домашни услови (палијативна нега) без оглед на нивниот здравствен и социјален статус. Социјалната компонента е дополнително акцентирана со тоа што како вработени лица се јавуваат долгорочно невработени лица и лица во социјален ризик (жени жртви на семејно насилство, самохрани родители, млади, припрадицни од различни етнички заедници). Претпријатието ќе биде водено од искусни лица кои  имаат познавање од работата со стари и и вонинституционална грижа, истите  во 2009 година ја започаа идеата во општина Аеродром пренесувајќи го искуството од Унгарија.  Вработените лица ќе бидат професионално обучени и сертифицирани од посебната верифицирана програма за негуватели/ки на стари лица  на Хуманост, се со цел обезбедување на  квалитетни и професионални услуги во домот на корисникот: одржување на домот, помош при секојдневните активности, применува основни здраствени и ергономски правила и процедури, психо-социјална поддршка и правна заштита. Сите овие услуги се насочени кон подобрување на здраствената и психо- социјалната состојба на корисникот со цел негово подолго останување во сопсвениот дом. Негователите покрај професионално давање на услугата ќе се водат според посебен проткол и стандарди за обезбедување на квалитетна услуга ориентирана кон корисникот и неговото семејство.

Мисија на социјалното претпријатие:

Подобрување на општествените процеси и состојби преку обезбедување на професионална грижа и нега на стари лица во домашни услови  и овозможување социјална инклузија и работни места за лицата во социјален ризик и долгорочно невработените лица.

Социјални и економски цели:

Социјални цели:

  • помош и подобрување на квалитетот на живот на старите лица
  • подолго опстојување во нивните сопсвени домови
  • вработување и еднакви можности ( за лицата во социјален ризик)
  • нивна социјална инклузија и социјална мобилност
  • реинвестирање на средствата во обуки за сертифицирање на нови негуватели и други социјални програми

Економски цели:

  • одржливост, стабилност и раст на претпријатието
  • профитабилност и рентабилност
  • квалитет на услугите
  • градење на долгорочни односи со клиентите
  • истражување и развој во социјалната сфера
  • висока продуктивност

Листа и категории на услуги кои ги нуди нашето претпријатие:

  1. Помош при оддржување на домот
  • Подготвување на работно место, набавка и приготвување на храна
  • Местење на кревет и оддржување на постелнина и облека
  • Одржување на хигиена во домот на старото лице
  1. Помош и поддршка во извршување на дневните активности на старите лица
  • Помагање при оддржување на лична хигиена
  • Подготвување на оброци и помагање при хранење
  • Помагање при облекување
  • Помагање при транспорт и престој надвор од домот
  1. Примена на основни здравствени правила и процедури кај старите лица
  • Идентификување на основни симптоми на болести карактеристични кај старите лица
  • Основни познавања на инфекции и прабилно изведува дезинфекција
  • Превземање на активности при постоење на болест кај старото лице по налог од стручно лице, лекар, медицинска сестра
  • Помагање при набавка и примање на редовна терапија
  • Користење заштитни средства и опрема
  1. Социјална заштита и психо-социјална поддршка на старите лица
  • Применување на просписи од системот за социјална заштита на стари лица
  • Воочување на промени во средината и однесувањето на старото лице во насока на избегнување на ризици од злоупотреби и заболувања
  • Поттикнување и оддржување на интелектуални и когнитивни моторни активности со цел да се поттикне самостојност кај старите лица
  • Комуникација, социјализација, активација

Брендинг стратегија

Поради зголемување на процентот на старото населениe, малиот број на сместувачки капацитети како и недоволно развиени социјални вониституционални форми за грижа на старите лица, ХуманаС е претпријатие кои ги решава горенаведените проблеми  преку давање на професионална нега на стари лица во домашни услови. Наша цел е преку овој тип на услуги старите лица да останат подолго во своите домови, да ја зачуваат семејната хармонија, без да имаат потреба од институционално сместување.

ХуманаС има двојна социјална компонента од една страна го решава проблемот на старите лица и им нуди професионална нега во домашни услови а од друга страна како даватели на овој тип на услуга се долгорочно невработени лица и лица во социјален ризик при што ќе посетуваат динамична обука за стекнување на професионални вештини и компетенции.

Диференцирање

ХуманаС  е единствен и уникатен сервис за палијативна нега во Македонија, при што овозможуваме старите лица остануваат подолго во своите домови без да имаат потреба од институционално згрижување , прифатлива цена за старите лица  и нивните семејства. Самите  корисниците имаат можност за  избор на динамиката и времетраењето на користење на нашите услуги и располагаме со професионален сертифициран тим.

Таргетирање

Нашите клиенти се стари лица над 60 годишна возраст ( активни стари лица, стари лица со попреченост како и изнемоштени стари лица) кои имаат потреба од нега од трето лице како и нивните семејства.

Тим

  • Менаџер- Сашко Јованов
  • Одговорно лице за координација- Емилија Робановска
  • Социјален работник
  • Сертифицирани негуватели/ки
  • Физиотерапевт/и
  • Дополнителни услуги
  • Психолог
  • Медицинска сестра
  • Транспорт

 

 

 

 

 

ХуманаС е добитник на старт уп грант од проектот Смарт Старт

Контакт

ХуманаС- Сервис за нега на стари лица во домашни услови

е-маил:humanas@humanost.org.mk

мобилен: 077 963 672

ул.Призрнска бр.50/2, Скопје

www.humanost.org.mк