Инклузивен пазар на трудот за одржлив развој на заедницата “, работилница: усогласување на вештините на младите со потребите на пазарот на трудот

На 21.12.2018 година, во хотел Порта, ја одржавме работилницата за анализа на одредени мерки од стратегијата за намалување на сиромаштија и социјална исклученост, стратегијата за млади и стратегијата за стари лица.

Главната цел на работилницата беше да се анализираат одредени мерки од стратегијата за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост, стратегија за млади и стратегија за стари лица во насока на подобрување и исполнување на истите.

На работилницата присуствуваа 50 претставници од граѓанските организации, МТСП, АВРМ, ЦОВ, бизнис заедницата, општините како и средни училишта.

По воведните обраќања на проектниот тим и претставување на проектот “Инклузивен пазар на труд за одржлив развој на заедницата”, учесниците беа поделени во 8 работни групи и работеа на 8 различни мерки од горенаведените стратегии користејќи ја иновативната алатка за стимулирање на дискусија креирана од Еко Логик.

Заклучоците од работилницата ќе бидат вметнати во работните верзии во ГАП анализите за стратегиите кои по финализирање на истите ќе бидат предадени до клучните Министерства.

Фотогарии од настанот 

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *