Поддржано од:
Од април 2018 година, здружението Хуманост како избран провајдер на услугата „Нега на стари лица во домашни услови“, од страна на општина Центар, започна со реализација на роектот „Центар се грижи за возрасните“ .
Секој корисник кој има претходно аплицирано за нега во општина Центар, добива услуга- нега три пати неделно, по два часа од страна на негувател/ка, двапати неделно од физиотерапевт . За возрасните опфатени со овој пилот проект се грижат професионални негуватели, кои ги поседуваат потребните сертификати и физотерапевт додека дополнителни изборни можности се посета од медицинаска сестра или психолог (корисникот може да избере само една услуга од професионалниот кадар) . Активностите ги координираат лица одговрни за реалзиација на оваа активност како и социјален работник, кој подготвува досие за секој корисник, детална анамнеза и план за работа. На овој начин, секој корисник ќе добие индивидуализирана грижа според личните потреби.
Со овој проект, максимум 90 возрасни лица, жители на општината, ќе добиваат професионална нега во нивните домови, без да имаат потреба од институционално сместување во времетраење од една година.
Негата од страна на негувател/ка во домашни услови е насочена кон:
- Помагање во одржување на домот (чистење, готвење, пазарење, перење, пеглање)
- Поддршка во извршување на секојдневните активности ( прошетка, социјализација, одржување на лична хигиена кај корисникот)
- Промена на ергономски и медицински принципи во секојдневните активности (лесна масажа ивежби, комуникација со матичен лекар, придружба при рутински контроли и матичен лекар, мерење притисок, набавка на лекови)
Професионален и сертифициран тим кои се грижа на возрасните во домашни услови
- Професионалните негуватели/ки помагаат да се врати балансот и квалитетот на животот на возрасните лица преку обезбедување на поддршка во секојдневниот живот,
- Професионалните негуватели/ки помагаат во непречено извршување на домашните активности,
- Професионалните негуватели/ки се грижат за заштита или враќање на самостојноста на корисниците на услугата и ги поддржуваат во нивниот социјален живот
Услугите се наменети за:
Услугите се наменете за возрасни лица над 62 години од територија на општина Центар, независно во каква здравствена или социјална состојба се наоѓаат.
Период и начин на користење на услугите:
- Услугата е субвенционирана од страна на општината ,
- Три пати неделно посета по два часа од страна на негувател/ка
- Два пати месечно од физиотерапет
- Еднаш месечно посета од страна на социјален работник
Дополнителни услуги се посета од медицинска сестра и психолог.
Корисникот може да избере само една од услугите кои се наведени погоре.