Јавен повик за ангажирање на експерт/советник за вклучување во тековни активности на проектот: “Инклузивен пазар на труд за одржлив развој на заедницата“

Превземи:  Јавен повик

Здружението на граѓани “Еко Логик“ и здружението “Хуманост“ почнувајќи од 19-ти декември 2017 година започнаа со спроведување на проектот “Инклузивен пазар на труд за одржлив развој на заедницата“, кој е финансиран од Европската Унија, преку Сектор за централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД) при Министерството за финансии на Република Македонија.

  1. Краток опис на проектот

Предложената акција се фокусира на унапредување на две различни професии преку создавање на две нови програми за стручно образование и обука, една програма за обучувачи за помош на стари лица во домашни услови и друга за аналитичари за одржлив развој. Темите кои се насочени во акцијата се наменети за истата целна група, млади невработени лица, мажи и жени, вклучувајќи и млади луѓе од маргинализирани групи.

  1. Цели на проектот
  • Генерална цел:
  • Подобрување на државни насоки и политики поврзани со невработеност на млади, социјални услуги и претпримеништво, и давање на насоки за нивно доближување кон тековни сродни ЕУ насоки и политики, преку остварување на клучен дијалог со политички актери, граѓански организации, бизнис заедница и други.

Специфични цели:

Цел 1: Вклучување на граѓански организации во процесот на креирање на насоки и политики, како и подобрување и предложување на реформи во приоритетни сектори на теми вон-институционална грижа и социјални услуги за стари лица, како и одржливост и животна средина.

Цел 2: Усогласување на вештините на младите луѓе со потребите на пазарот на трудот, во согласност со најдобрите практики достапни во ЕУ.

Цел 3: Започнување на клучен дијалог со политички актери, бизнис заедница и граѓански организации со цел детерминирање на нивната улога во овозможување на одржливост и инклузија, преку иновативен и партиципативен пристап.

Цел 4: Обезбедување на поатрактивно образование и тренинг програми преку креирање и користење на ИКТ базирани методологии кои ќе водат кон подобрување на процесите на препознавање и валидација на компетенции и вештини.

Со цел имплементација на оваа фаза од проектот, здружението Хуманост објавува јавен повик за ангажирање на експерт/советник  вклучување во тековните проектни активности.

  1. Работни задачи на експерт/советник

Ангажираниот  експерт кој ќе учествува во тековните активности на проектот ќе треба да ги извршува следните работни задачи:

  • Присуство на консултациски средби со тимот на Хуманост на кои ќе се дискутира за тековниот напредок на проектот, идни активности;
  • Вклученост во подготовка на документ за анализа и коментирање на “ Стратегиите за стари лица и намалување на сиромаштија и социјалната усклученост;
  • Соработка и вклученост со експертите за креирање на програмата и прирачникот за обуки „Асистент за нега на лица со деменција- Алцхајмерова деменција и интелектуални попречености“.
  • Присуство на обуки за “Асистент за нега на лица со деменција- Алцхајмерова деменција и интелектуални попречености “ и подготовка на евалуациска и мониторинг документација која ќе се пополни во соработка со проектниот тим на Хуманост
  • Комуникација со учесниците на обуките (20 луѓе) и нивна координација и информирање за текот на обуките, динамиката на предавања,евиденција;
  • Предложување на листа на потенцијални клучни засегнати страни со цел нивно вклучување во проектните активности (пример: мали и средни претпријатија, здруженија на граѓани, и др.), како и остварување комуникација со истите.

Останатите потребни информации како и потребната документација (кратка биографија, мотивационо писмо и финасиска понуда) ќе ги најдете во самиот повик на линкот погоре.

Краем рок за доставување на документацијата е најдоцна до 10.04.2018 година до 17.00 часот

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *