Јавен оглас за пријавуавње за координатор/-ка на социјалната услуга- центар за помош и нега во домот во општина Демир Капија.

Превземи: Јавен повик_координатор

I. Информации за проектот и услугата

Здружението за подршка и развој Хуманост во рамки на добиениот грант за подобрување на социјалните услуги „Воспоставување на современи социјални услуги во заедницата во општина Демир Капија (помош и нега во домот)„ финансиран од Министерството за труд и социјална политика и Светска банка во соработка со општина Демир Капија, отвара јавен повик до сите заинтересирани лица кои сакаат да пријавата за координатор на социјална услуга- центар за помош и нега во домот во општина Демир Капија.

Испорака на услугата помош и нега во домот е со времетраење од 12 месеци по воспоставувањето на услугата. Испораката на услугата помош и нега во домот ќе се дава на вкупно 20 корисници ( стари и изнемоштени лица, лица со хронични болести и лица со попреченост).

II. Потребни квалификации за координаторот

Кандидатот/-ката треба да ги исполнуваа следните општи услови:

  • Завршено високо образовани(Висока стручна подготовка (VII/1 степен), односно да поседува диплома  за социјален работник, психолог, педагог;
  • Да се на возраст над 18 години;
  • Познавање на социјалната работа и социјалната политика;
  • Соодветно познавање на новиот закон за социјална заштита и правилниците за услугата помош и нега во домот;
  • Посета на соодветни обуки, семинари или волотнирање на темата возрасни лица;
  • Пожелно е соодветно работно искуство со возрасни лица, лица со попреченост;

Напомена: Предност ќе имаат кандидатие со ВСП- дипломиран социјален работник.

III. Работни обрски на координаторот/-ката на услугата помош и нега во домот

Координаторот/-ката ќе ги има следните работни обрски согласно систематизацијата на работното место:

  • Информирање за правата од социјална заштита, мапаирање на потенцијални корисници на услугата помош и нега во домот во општина Демир Капија;
  • Помош и поддршка кон обезбедување и подготвување на потребната докуемнатција на потенцијалните корисници за аплицирање до ЈУ ЦСР Неготино за користење на услугата помош и нега во домот;
  • Врши првичен увид и амнеза кај корисниците во домашни услови;
  • Средување на документација според протоколот за минимум стандарди и согласно пропишаните правилници од новиот закон за социјална заштита;
  • Врши план за реалзиација на услугата според протоколот и пропишаните законски норми;
  • Редовна комуникација и коориднација со препоставените од здружението;
  • Редовна комуникација и координација со одговорното лице за реалзиарање на проектната активност од општина Демир Капија;
  • Редовна комуникација и коориднација со ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Неготино;
  • Подговотвка на месечни и кавртални извештаи и поднесување на потребната документација до здружението и ЈУ ЦСР Неготно;
  • Мониторинг и евалуација на квалитетот на услугата кај крајните кориснци (согласно протоколот на здружението и согласно со системот за монитеринг и евалуација на МТСП);
  • Информирање на членовите на фамилијата на корисникот за неговата состојба преку телефон и при постеите во нивните домови;
  • Ревизија на личните планови на кросниците на секои два месеца;

IV. Начин на пријавување потребна документација

Сите заинтересирани кандидатки/ки можат да се пријават испрачање на следната докуменатција:

  • Кратка биографија;
  • Диплома од завршено ВСП (социјален работник, психолог, педагог);
  • Сертификати или потврди за посетувани обуки или семинари на тената возрасни лица или поврзани со професијата (доколу ги поседува);
  • Потврда за соодветно работно искуство (доколку го има);
  • Рефернца и контакт од претходни вработувања (доколку има претходно работно искуство);

Потребната документација во скенирана форма пратете ја на е- пошта humanas@humanost.org.mk, со наслов-Апликација за јавен конкурс КООРДИНАТОР НА УСЛУГА-Демир Капија

Повикот е отворен најдоцна  до 16.02.2021 година до крајот на рабтниот ден (до 17.00 часот).

Важно: Ќе бидат контактирани само кандидатите од потесен избор и со истите ќе биде спроведено интервју.

По изборот на координаторот/-ката на услугата помош и нега во домот е предвидена обука во перидот февруари-март 2021 година.

V. Работен ангажман на координаторот/-ката на услугата

Коордианторот/-ката на услугата помош и нега во домот же биде работно ангажиран по завршување на обуката и започнување на испорака на услугата помош и  нега во домот (крајот на месец мај или почетокот на месец јуни 2021 година).

VI. Дополнителни информации

Дополнителни информации за повикот можете да добиете на телефонскиот број 072 229 418 или електронски на е-маил адресата sashejovanov@humanost.org.mk.

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *