Јавен оглас за прибирање на понуди за набавка на апарати за мерење на крвен притисок, топломери и апарати за мерење на шеќер во крвта.

Превземи: Јавен повик_0302-28

I. Информации за проектот и услугата

Здружението за подршка и развој Хуманост во рамки на добиениот грант за подобрување на социјалните услуги „Воспоставување на современи социјални услуги во заедницата во општина Демир Капија (помош и нега во домот)„ финансиран од Министерството за труд и социјална политика и Светска банка во соработка со општина Демир Капија.

Воспоставување на услугата помош и нега во домот е со времтраење од 5 месеци. Испорака на услугата помош и нега во домот е со времетраење од 12 месеци по воспоставувањето на услугата. Испораката на услугата помош и нега во домот ќе се дава на вкупно 20 корисници ( стари и изнемоштени лица, лица со хронични болести и лица со попреченост).

Во рамките на добиениот грант и воспоставување на услугата помош и нега во домот предвидено е набавка на 10 апарати за мерење на крвен притисок, 10 топломери и 10 апарати за мерење на шеќер во крвта. Со цел имплементација на оваа фаза од грантот, здружението Хуманост објавувa јавен повик за прибирање на понуди за набавка на горенаведените придукти.

II. Спецификација на апарати за мерење на крвен притисок

  • Механички апарат за притисок
  • Сет од слушалки, мерач,
  • Пумпа и намот за подлактица
  • Вклучена торбичка за складирање и носење

– Количина: 10

III. Спецификација на топломери

  • Дигитален или живин топломер

-Количина: 10

IV. Спецификација на апарат за мерење на шеќер во крвта

  • Мерач со батерија
  • Уред за боцкање
  • Ленти
  • Торбичка за носење
  • Упатство за употреба

V. Начин на пријавување и поднесување на понудите

Сите заинтересирани страни своите понуди во скенирана форма можат да ги поднесат на меилот humanas@humanost.org.mk, со наслов- Понуда за јавен оглас бр. 0302-28

Повикот е отворен најдоцна до 25.03.2021 година до крајот на рабтниот ден (до 17.00 часот).

Важно: Цените на бараните продукти за набавка треба да бидата изразени со вклучено ДДВ .

По извршената евалуација на пристигнатите понуди и одобрување на избраната најповолна понуда од страна на надлежните органи ќе биде контактирано само правниот субјект со одобрена најповолна понуда.

VI. Дополнителни информации

Дополнителни информации за повикот можете да добиете на телефонскиот број 072 229 418 или електронски на е-маил адресата sashejovanov@humanost.org.mk секој работен ден за времетраење на јавниот повик од 09.00 до 17.00 часот.

 

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *